Петта заповед: За подолго да поживееш на земјата, почитувај ги родителите и следи ги овие постулати

0

ПОЧИТУВАЈ ГО ТАТКОТО СВОЈ И МАЈКАТА СВОЈА ЗА ДОБРО ДА ТИ БИДЕ И ДОЛГО ДА ПОЖИВЕЕШ НА ЗЕМЈАТА. – ПЕТТА ЗАПОВЕД

Ги сакаш ли, ги почитуваш ли, ги слушаш ли своите родители? Да не си се однесувал кон нив грубо, без почитување? Да не си ги обманувал, озборувал? Да не си ги осудвал или на било кој начин навредувал?

Гревови на децата кон родителите:

– Студен однос кон родителите.

– Непослушност кон родителската волја.

– Грубо однесување кон родителите.

– Прекорување и озборување на родителите.

– Пренебрегнување на родителските молитви и благослови.

– Запоставување на молитвите за родителите.

– Проколнување на родителите.

– Избегнување на родителските совети или заборавање на нив.

– Заминување од куќата без знаење на родителите.

– Озборување на строгите родители, непочитување и презир кон нив.

– Лажен срам заради необразованоста на своите родители.

– Непочитување кон свекрвата, свекорот, очувот и маќеата.

– Подигање рака на родителите, на пример, во пијана состојба.

– Таткоубиство. Тоа посредно се врши преку убиствената жалост што ја предизвикуваме кај родителите со своето однесување или со некоја тешка постапка.

– Неисполнување на последниот долг кон родителите т.е. неучествување во нивното погребување, како и нивно неспомнување за покој на душата, особено во деновите што се за тоа предвидени.

– Нарушување на родителскиот завет.

Претходна статијаОрце за Ирена Спасовска: За неа оставив сопруга и две деца, а таа ме изневери
Следна статијаЈанушев од ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката е едногласна, ниту еден наш пратеник нема да гласа за