ДПМНЕ: Република Албанија, Црна Гора, Србија и Унгарија не се виновни за неспособноста на Заев и црниот СДСМ

Зоран Заев ја прикрива својата неспособност и аматеризам со обвинување и расправање со соседите и нашите партнери. Црнилото во кое државата е завиена од страна на власта пропратено со политички прогон е главниот виновник за се негативно што и се случува на државата.

Обвинувањето на наши стратешки партнери како НАТО и нашите соседи со кои имаме одлична соработка како држава за сопствената неспособност е чист дилетантизам и не и оди во прилог на Република Македонија, туку ја продлабочува дупката во која е западната државата, поради Заев и црната власт, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ до премиерот Зоран Заев.

„Република Македонија е држава во која под власт на црниот СДСМ владее насилието, а владеењето на правото е непознат поим. Правната држава е деградирана, а институциите се користат за политички прогон, ова е пропуст на власта и Зоран Заев лично.

Политичкиот прогон кој се спроведува под покровителство на СДСМ не е демократска вредност. Нашите стратешки партнери не треба да бидат средство за перење на грешките на Заев и картелот околу него.

Црнилото во кое е втурната Република Македонија е токму заради Заев кој за ситни политички поени е спремен да ги наруши стратешките интереси на државата само за да остане на власт.

НАТО е стратешки партнер на Република Македонија и организација кон која се стремиме, таа не е и не може да биде оправдување за нечии пропусти и аматеризам. Република Албанија, Црна Гора, Србија и Унгарија се наши земји пријатели и тие исто така не се виновни за неспособноста на Заев и црниот СДСМ, се потенцира во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Loading...