Статус на Игор Аврамовски Александров:
“СЕУШТЕ САКАМЕ ВО НАТО И ЕУ?
Ако раководствата на НАТО и ЕУ се толку криминализирани што ја спонзорираат апла корумпираната власт на Заев и Ахмети, одржуваат референдум со голо измамништво, уцени, закани и полнење кутии, монтираат кривични истраги и обвиненија, ја трампаат правдата, па дури и го амнестираат и шуруваат со Братучедот Мијалков (заради чие владеење ни ја приредија хулиганската Шарена Револуција).
За поткуп на пратеници, со цел да ни ја наметнат големогрчката антимакедонска политика, тогаш треба сериозно да преиспитаме колку е позитивно воопшто да бараме прием во НАТО и ЕУ.
Зошто се отцепивме од Југославија, ако сме подготвени да бидеме подреден народ во корумпиран политички сојуз?
Наместо НАТО и ЕУ нам да ни поставуваат реформски услови за влез, можеби ние треба да бараме тие да се прочистат од корумпирани водачи?”