Статус на Игор Аврамовски Александров:
“Ако ВМРО-ДПМНЕ не ги исклучеше врбуваните пратеници од членство, сите ќе велевме Мицкоски го легитимизира предавството држејќи ги во членство. Сега кога ги исклучи, некои ултрапатриоти и ултрастратези велат “Одработува за власта – не требаше да ги исклучи, требаше да ги задржи за да ги разубеди.”
Демек тие подобро знаат од Мицко какви шанси имал да ги разубеди, а какви да изгуби и други пратеници ако не ги исклучи. Дај не претерувајте веќе. Јас, како активист на партијата во Сиднеј од 1992ра до 1996та (Потсекретар, па Секретар), уште од пред Љубчо да стане премиер, без прекин го критикувам ВМРО-ДПМНЕ за тргување со основоположничките начела и вредности во служба на кариеризам, клиентелизам и гола борба за власт, како и примање на секаков безморален џган во членство и на функции.
Затоа и се откажав од партијата и никогаш во друга не се зачленив, додека разни опортунисти кои денес глумат ултрапатриоти се умилкуваа на Љубчо и Грујо за лична корист, па некои по три пати менуваа партии.
Свесен сум дека сегашното раководство не може туку така да се амнестира од корумпираното водење на партијата кое довело до денешната државна и партиска состојба. Но Мицкоски за секој разумен и внимателен посматрач докажа дека е попринципиелен и поотпорен од било кој партиски лидер до сега и затоа предавничкото бизнис-крило на Мијалков сака да го смени.
Затоа упорно доаѓаат странски емисари да го притискаат. Дај не им правите услуга, за да не бидете и вие со вашата совест во кошот на осумтемина врбувани пратеници.”