(ФОТО) Во Скопската зоолошка се роди бабунче, таткото не го испушта од раце

0

Скопската зоолошка деновиве е побогата за уште еден член. На свет павијанка донесе мало преслатко бабунче. Од зоолошката велат дека таткото се уште е збунет, но веднаш се фатил во акција па не го испушта малото од раце.

-Таткото павијан се покажа како вистински родител и тој заедно со мајката го лула малото бабунче, го чува и се грижи за него, велат од ЗОО Скопје.

Малото бабунче се уште нема име бидејќи мајката се породила вчера, а се уште не е утврдено кој пол е. Сепак бидејќи е Свети Филип ако е машко ќе се вика Филип или скратено Фиќо.

Двајцата партнери павијани со години живеат заедно и одвоени во свое живеалиште. Раѓањето на бабунчето на официјалниот ФБ профил на зоолошка го честитаат љубителите и посетителите на ЗОО Скопје. Неодамна во зоолошката се роди и бел албино кенгур кој стана вистинска атракција за посетителите.

Извор: Република

Претходна статија(ФОТО) Предлог до Т-Мобиле и ВИП во врска со СМС донациите – граѓаните итно ја бараат оваа мерка
Следна статијаПред нас е голем и тежок хрстијански празник: Ова не смеете да го правите