ФОТО: Ѓоко Танески откри која му е прва љубов – крај себе има вистинска убавица

Анастасија, постарата ќерка на Ѓоко Танески, денеска полни 11 години. „Среќен роденден на мојата прва љубов“, напиша пејачот на својот Фејсбук профил.

„Времето лета, и не ми се верува кога Анастасија израсна волку брзо. Роденденот ќе си го прослави со своите другари, а јас ѝ посакувам само да биде паметна и да го следи својот сон“, изјави Ѓоко за „Женски Магазин“. По фотографијата се гледа дека Анастасија многу личи на мајка си.

Loading...

Танески и неговата сопруга Розе која е сопственичка на козметички салон се во среќен брак повеќе од 11 години. Освен Анастасија, нивна гордост е и помалада ќерка, Михаела која има неполни седум години.

Пред неполни два месеци, Ѓоко магистрираше на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје. „Многу сум радосен. Од дете ја посакував оваа титула. Му благодарам на тимот на УТМС чие заштитно лице сум“,  изјави Ѓоко тогаш.