Елена Велевска ја обвинуваше Сузана Гавазова, таа и одговори (ВИДЕО)

0

Сузана Гавазова и Елена Велевска се две наши успешни македонски фолкерки. Едната е постојано во Македонија, другата живее во Шведска, но често доаѓа во родниот крај. Неодамна, Елена Велевска во интервју за „Ексклузив“ изјави дека со колешката Сузана Гавазова не се најдобри односи, но и дека на некој начин секогаш ќе бидат ривалки бидејќи се во иста професија.

Велевска во интервјуто истакна дека со нејзината колешка „се скарале“ бидејќи требало заедно да снимаат дует. Меѓутоа, Елена трипати била во студиото за да го снима својот дел, Гавазова не се појавила.

„Јас секогаш ќе ја доживувам како колешка. Неодамна бевме договорени да снимиме дует, јас трипати појдов во студио да го сработиме, но таа некако не сакаше да се соочиме. Тоа ми покажа многу различен став од оној кој го имав претходно за неа. Иако ми е колешка ние никогаш не би можеле да не бидеме ривалки, а да сме во овие естрадни води“ изјави неодамна Велевска.

Таа тогаш истакна дека идејата за дуетот била заедничка, но дека Гавазова не сакала да се соочат во студиото.

„Таа сакаше нејзиниот дел да го сними посебно, а јас својот дел посебно. Јас кажав дека изгубив два термини. Многу ми е скапо времето кога се во прашање моите деца и не сакам да губам време во нешто што вложувам сама. Ако сакаш да направиме дует јас секогаш сум на располагање, но сакам и следниот пат да бидеш и ти тука“ објасни тогаш Велевска.

Од друга страна на приказната, нејзината колешка Сузана во интервју за истоимениот магазин истакна дека едноставно не се погодиле со термините.

„Точно да, не се најдовме во студиото. Кога таа беше слободна, јас не бев и обратно. Не можевме да се најдеме во ист термин. Не знам зошто се налути. Јас мислам дека песната не беше добра за да направиме еден бум. Песната треба да биде добра за еден дует, да има ефект. Не бевме задоволни со песната и најдовме една причина дека не се согласивме. Ако имаме добра песна ќе снимиме дует“ вели Гавазова за „Ексклузив“.

Таа истакна дека комуницираат и дека пред некој ден и го честитала родендено на Велевска.

Извор: Вистина

Претходна статијаНајверојатно во 2019: Сите возила во Македонија ќе добиваат зелен картон при регистрација
Следна статијаЗоран Заев: Амнестијата не е прифатлива, може да има само помирување