Статус на Професорот Димитар Апасиев:
“Пред некоја недела, едно комуњарско квазиновинарско ботче, шо се одзива на името Поликлинико, бесправно објави мој личен податок поврзан со текот на моите правни студии и полагани испити на „Јустинијан Први“.
Притоа, документот (кој го добил веројатно по удбашки инсајдерски канали) го беше затемнил онака како што му кажале провладините загарчиња, за да спинува дека – пази молим те – сум учел Руски јазик. Па, за да нема забуни во јавноста – еве го УВЕРЕНИЕТО во целина, па луѓето сами нека си проценат 🙂
p.s. Во овој албум, насловен како „СЛУЧАЈОТ АПАСИЕВ“ деновиве ќе ги објавам и сите документи до кои дојдов за хајката и инквизициската постапка која тајно, без мое знаење, се водела против мене од месец април до месец септември – преку Државниот просветен инспекторат, а иницирана од Влада на Република Македонија. Ќе има сочни детали.