Рангелова: Се каам што станав на гласањето и се чудам што сум зборувала пред година дена

0

“Кога ќе се слушнам што сѐ сум зборувала пред една година или година и пол и во Парламентот, не можам да поверувам дека тоа излегло од мојата уста.”

Ова го изјави пратеничката на ВМРО ДПМНЕ, Даниела Рангелова, одговарајќи на прашање дали ја менува својата реторика и дека облагнува со своите ставови.

– ,,На денот на гласањето на референдумот, ние што излеговме да гласаме, дочекавме да бидеме масакрирани на социјалните мрежи и тоа од ботови кои се наоѓаат во штабот на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е нешто што  најмногу ме загржи и ме растажи затоа што тоа беше во организација на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа и моето однесување на денот на гласањето се клучните причини да си дадам оставка.

Јас се срамам од таа моја постапка да станам додека се гласаше за отворање на процесот на  уставните измени. Во изминатиот период се ширеше една пропаганда, бев цел на постојани критики и закани бидејќи се залагав да се гласа на референдумот.

Направив грешка бидејќи сметав дека ако останам да седам со колегите што ќе гласаат, ќе ме обележат уште повеќе. Многу се срамам од начинот на кој ги жигосавме нашите колеги. Јас од таа седница заминав со плачење. Тој чин беше нечовечен и јас се срамам од него“, рече Рангелова.

Претходна статијаИгор Џамбазов: Моја целна група жени се разведени, оставени, немажени и млади пензионерки
Следна статијаАпасиев: Против мене се води хајка, еве ви го во целост моето уверение од факултет (ФОТО)