Ако Груевски влезе во затвор, 15 дена ќе биде во приемното одделение, а потоа во ќелија

0

Доколку на екс премиерот Никола Груевски не му биде одложено издржувањето на двегодишната затворската казна, тој на 8 ноември ќе треба самиот да се пријави на издржување на казната во истражниот затвор „Скопје“, каде што веќе пристигнал упатниот акт.

Таму ќе го пречека тим од приемното одделение, составен од психолози, педагози и други стручни лица, кои по разговор со него ќе треба да одлучат дали ќе престојува во затворено, полуотворено или отворено одделение. Во приемното одделение, кое е составено од три соби со по четири кревети, Груевски може да биде задржан 15 дена, а потоа ќе добие сместување во ќелија.

Според затворскиот ред, штом осуденикот ќе добие распоредување во ќелија, ќе му биде назначен воспитувач, кој ќе работи на неговата ресоцијализација. За разлика од приемното одделение, Груевски тука ќе може да гледа телевизија.

Условите во ќелиите се скроми, и далеку од стандардите на ЕУ. Во овој затвор има и модерни ќелии, познати како „хашки соби“, но тие се во притворското одделение, а Груевски ќе оди во затворското.

Од затворот не информираат дека имаат и богата библиотека и тоа снабдена со книги кои се печатеа во времето на Груевски, па така ќе може да го чита она што го „печатил“.

Сепак можно е Груевски и воопшто да не стапне зад решетки, односно доколку Врховниот суд одлучи да му го одложи издржувањето на казната затвор, додека да донесат одлука по вонредното преиспитување на пресудата.

Врховниот суд на ваков начин од затвор го спаси екс премиерот Владо Бучковски, бидејќи му дозволи одложување на казната се додека се произнесат по поднесеното барање за вонредно преиспитување на пресудата.

Извор: ФОкус

Претходна статија(ВИДЕО) Се сомневал, ја следел со дрон и ја фатил како во кола со непознат се паркираат во шумичка
Следна статијаГруевски може да остане без пратеничкиот мандат и имунитет