Мицкоски: Оние кои гласаа против и кои бојкотираа порачаа – ова е Македонија

0

Два часа по завршувањето на гласањето за референдумот, со своја изјава излезе лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски. Тој порача:

“Се обидовте со подмолни игри, со праќање лажни СМС пораки, со заплашувања, закани од функционери на СДСМ и.т.н. Но народот покажа дека не ви се плаши, ние како ВМРО-ДПМНЕ остануваме со народот и ќе ве победиме!

Ова денес не е само пораз на договорот со Грција, туку и за катастрофалната економија која ја водите, за криминалците кои ги пуштивте на слобода, за тендерите и бизнисите…

Сакам една порака да ви пратам, особено на лажните душегрижници за ВМРО. Два месеци ширевте лажни вести, те дека сум се договорил, те дека сум бил марионета, те дека по референдумот ќе ме исфрлеле на клоци. Но денес ќе ви кажам, Македонија ќе победи, ќе ве победи, народ никој не победил.

Оваа порака од народот, мора да ја почитува владата, Премиерот и сите институции. Највиновен што референдумот пропадна е Зоран Заев, кој направи штетен договор, ги лажеше странците и своите граѓани. Смрштениот израз на лицето на Заев, колку и да глуми, го издава дека денес, сите бродови му пропаднаа.”

Претходно премиерот Заев изјави дека, доколк пратениците во собранието, пред сè оние од ВМРО-ДПМНЕ не ги гласаат уставните измени, ќе има предвремени парламентарни избори, веднаш.

Претходна статијаКако да им кажам на соседите дека се многу гласни во кревет
Следна статијаЛепа Брена ја дигна ногата толку високо што ќе ве остави подзинати (ФОТО)