Судот му одреди 30 дена притвор на поранешниот директор на УБК , Сашо Мијалков.
На Сашо Мијалков му е одреден 30 дневен притвор , потврди СЈО, а во моментов се спроведува во затворот во Шуто Оризари.
Тој е притворен на барање на СЈО. Судија на претходна постапка од Основниот суд Скопје 1, попладнево му одредил мерката притвор .
Поранешниот директор на УБК , Сашо Мијалков е обвинет во неколку предмети на СЈО како „Тврдина-Таргет“, „Трезор“, „Тортура“ и „Титаник 2“.