Вчерашниот настан, кога комунални инспектори од општина Центар на најгруб начин ја дислоцираа жената која продава пред пазарот, предизвика бурни коментари на социјалните мрежи. Со свој статус реагираше и Јорданка Ивановска Јоци:
“Чекај малку, Саша Богдановиќ. Овие говедава, кои, со нога и’ ги исклоцаа оревите и малините на жената на Партизанска биле вработени во Општина Центар како комунални редари !? Овие , кои, тормозат стари жени, ти се твои вработени ? Сериозно ?
И ти ја информираш јавноста дека ќе преземеш мерки !? Ти треба во понеделник само да информираш дека си ги избркал од работа и да ги исфрлиш како партали ! И да ги објавиш јавно нивните имиња, за никогаш повеќе да не бидат вработени во државна служба ! Стоки”
Во коментари под статусот, коментираше и градоначалникот Богдановиќ. кој се согласи со реакциите и ја осуди постапката на неговите вработени, но потенцираше дека за нивното санкционирање постои процедура која мора да се испочитува.