Владимир Пешевски: Одлуките се носеа прво во партија, па потоа на влада

0

Поранешниот вицепремиер за економски прашања, Владимир Пешевски во вечерашното гостување на телевизија 21 откри дека во времето на власта на Никола Груевски често политиките се носеле во ВМРО-ДПМНЕ, а потоа преку Владата се спроведувале.

-Јас влегов во Владата на Груевски како непартиски член. Но, увидов дека е многу тешко да се функционира доколку не сте дел од партија, особено зашто во ВМРО-ДПМНЕ имаше многу активна внатрепартиска динамика и често се случуваше одлуки и политики да се носат во партијата и потоа да се спроведуваат преку Владата.

Јас во тие ситуации се наоѓам затекнат. Поради тоа станав член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ за да можам да присуствувам на тие седници, рече Пешевски.

Извор: Фокус

Претходна статијаПешевски признава: Кога се затвори А1, системот на ВМРО-ДПМНЕ избега од нормала
Следна статијаМиленко: Не измислувајте невозможни рути, ви кажав како избегал уште првиот ден