Груевски најавил пред македонските медиуми дека ќе бега (видео)

0

Како што ќе може да чуете во изјавата која ја дал самиот Груевски, веројатно во момент кога испливала потсвеста, тој самиот отворено и пред камери најавил дека ќе избега.

Се разбира доколку сте од тие што веруваат дека има докази за се што се случува против него. Ние не навлегуваме во тоа на кој табор му припаѓате но мислевме дека ова видео е мошне јасно и вреди да се има предвид.

Најава за бегство отворено и пред медиуми.

Публикувахте от Александар Македонски в Сряда, 14 ноември 2018 г.

Поранешниот македонски премиер Никола Груевски со лажен пасош ја преминал македонско албанската граница и нелегално стигнал до Тирана, пишува белградска Политика. Според спрскиот весник, Груевски во Тирана бил пречекан од вработени во унгарската амбасада кои со првиот лет на „Малев“ го префрлиле во Будимпешта. Политика тврди дека членовите на екипажот немале поим кој бил „човекот со шешир и очила за сонце“ кои не ги симнал од главата во текот на целиот лет.

Весникот не открива како ги добил овие информации, но прашува како било можно, поранешниот премиер, кој сигурно бил под 24 часовен надзор од полицијата, неприметно да ја премине македонско албанската граница со одземен пасош.

Политика заклучува дека или некој потфрлил во македонските и албанските безбедносни служби или „големиот брат“ од другата страна на Атлантикот одлучил да го тргне Груевски во Унгарија, како џокер, доколку сегашниот премиер Зоран Заев не се однесува конструктивно како што посакуваат Вашингтон и Тирана.

Поранешниот македонски премиер и шефот на унгарската влада долги години негуваа блиски односи. Бегството на Груевски најверојатно било организирано од Орбан, а можно е да соработувале и српските власти.

Nikola Gruevski und Viktor Orban (MIA)
Доколку му се верува на неговиот Фејсбук-статус, Никола Груевски наместо да седи во затворска келија веројатно веќе ужива во Будимпешта.

Но, како успеал Груевски да стигне до унгарска територија? Тоа е првото прашање што се наметнува откако експремиерот самиот преку Фејсбук се пофали дека стасал до Будимпешта од каде, како што вели, „ќе ѝ остане верен на каузата на Македонија“. Груевски не поседува македонски пасош од јули 2017 година, кога на барање на СЈО му беше одземен од судот како обвинет во случајот „Титаник“.

Без патна исправа, единствената можност за Груевски би била да ја премине македонската граница преку нелегален граничен премин.

Првата опција во таков случај би била Србија. Груевски негуваше блиски односи со Александар Вучиќ, актуелниот српски претседател, уште од периодот додека беа колеги на премиерските функции. Српските власти денеска молчат во однос на шпекулациите дека Груевски преку нивна територија стигнал до Унгарија. Во телефонски разговор од српската полиција љубезно нѐ замолија прашањата на оваа тема да ги испратиме преку електронска пошта, но одговор не добивме.

Сценариото за бегството на Груевски, во случај навистина да пребегнал преку Србија, би можело да се одвива на следниот начин: со автомобил преминување на македонската граница на некој нелегален премин, а потоа со знаење или дури и придружба на српските власти до некој од српските аеродроми или директно до унгарската граница.

Таквото сценарио би било тешко изводливо без знаење на највисоките кругови во српската политика.

До Будимпешта, Груевски би пристигнал со автомобил, со премиерскиот авион на Виктор Орбан или со приватните летала на некој од нему блиските олигарси, од некој од српските аеродроми.

Малку е веројатно дека Груевски и унгарската граница ја минал на „див“ граничен премин, затоа што таа е масовно обезбедувана од почетокот на бегалската криза. Оттука и претпоставката дека границата ја преминал легално со амин на унгарските власти, или ја прелетал.

Претходна статијаКатица Јанева убаво си го вработи синот и тоа во телевизијата на Боки 13
Следна статија„Докторот ни ветуваше се и сешто, но останав и без татко и без пари“