По Миле Јанакиески и екс-министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска за ТВ21 вели дека го осудува бегството на поранешниот премиер Никола Груевски.
„ Се наоѓам во Македонија и на крај памет не ми паднало да заминам било каде“, рече Гордана Јанкуловска за ТВ21.
Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, беше осудена на шест години затвор од страна на судот во случајот „Тенк“ за набавката на блиндираниот Мерцедес. Пресудата ја донесе петчлен судски совет со кој заседава судијката Добрила Кацарска, а Јанкулоска не присуствуваше денеска во Судот.
Кацарска истакна дека возилотот е набавено преку МВР, а доказите кажуваат дека всушност било набавено за да го користи Никола Груевски. Таа истакна дека со техничките спецификации објавни во тендерот , се фаворизирал еден економски оператор.
Ова е прва пресуда за Јанкулоска која е обвинета и во два други предмети во СЈО во случајот „Титаник“ за изборни нерегуларности, и во „Таргет-Тврдина“ за незаконско уништување на два системи за прислушкување во МВР.