Јанушев им се извини на новинарите за навредата дека биле загари на Заев

0

Ако партијата било кого лично навредила и ако некој се почувствувал навреден тогаш еве во име на партијата сега се извинувам, рече Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ на новинарско прашање кои се новинарски загари и дали може да ги именува затоа што тоа е сериозна навреда кон медиумската фела.

По веста дека полицијата дошла во домот на експремиерот Никола Груевски, каде се собраа и новинарски екипи, опозициската партија излезе со соопштение, во кое новинарите ги нарече загари на Заев и Спасовски, кои наводно, биле нарачани да дојдат на местото.

ВМРО-ДПМНЕ е под опсада, ова е класична злоупотреба на полицијата, класичен политички прогон, порача генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев од пред седиштето на партијата каде вечерва полицијата ги претресуваше возилата од гаражата на Белата палата откако полицијата претходно не го најде поранешниот премиер Никола Груевски во неговиот дом за да го приведе во затворот во Шутка.

Тој посочи дека вечерва било претресено и неговото возило.

– Она што вечерва го прават неговите хорди, не е помирување. Овој притисок е удар врз опозицијата. ВМРО-ДПМНЕ ќе ги преземе ситре правни средства за заштита – речре Јанушев.

Порача дека оние кои ова го нарачале ќе дојде време кога ќе одговараат.

Јанушев вели дека 8 месеци не контактирал со Никола Груевски. Тој додаде дека се надева оти нема да се дрзнат од полицијата да влезат во штабот, но рече дека можат да ги прошетаат за да се уверат дека Груевски не е таму. Каде би можел да биде, рече дека не знае, и дека има шпекулации.

– Режисерите на овој прогон сакаат да ги заплашат сите кои се противат на капитулантскиот Договор. ВМРО -ДПМНЕ ќе ги преземе сите правни и демократски средтсва. Ова е политички прогон, ќе дојде денот кога ќе одговарате за се што правите- порача Јанушев.

Претходна статијаЈа изнервираа негативните коментари, па Дунавка на сред емисија стана и си отиде (ВИДЕО)
Следна статијаПандов до СДСМ: Џабе го барате, сите ние сме Валтер