Случај “Топлик”: Колегата ни рече, кога ме гледате мене, исто како да го гледате Миле Јанакиевски

0

На денешното рочиште за случајот “Топлик”, односно за незаконската продажба на парцели за изградба на населбата Сончев Град во Сопиште, во кој првообвинет е екс министерот Миле Јанакиески, сведочат вработени во Министерството за транспорт и врски. Сведокот Марика Митевска била член на првата комисија за јавно наддавање, која одбила да објави оглас за продажба на парцелите, поради како што рече утврдени фалинки.

Појасни и дека колегата Димитар Димовски, кој сега е обвинет, речиси секој ден ги посетувал членовите на комисијата и им велел дека во него треба да го гледаат министерот Миле Јанакиески кои им вели да работат побрзо и да донесат одлука дали ќе објават оглас за продажба.

-Ние утврдивме фалинки и затоа изготвивме записник зошто не треба да се објави огласот, рече сведокот.

Според обвинениети, откако оваа комисија одбила да го објави огласот, била формирана втора комисија која и покрај недостаците, односно неутврдена точна површина на парцелите и катастарски парцели, го објавила огласот за јавно наддавање за отуѓување на градежното земјиште за изградба на населбата.

По продажбата новиот сопственик не можел да ги упише парцелите во Катастар, поради претходните утврдени недостатици, поради што наплатил штета од над еден милион евра.

Во случајот покрај екс министерот обвинети се уште петмина вработени во минстерството, кои биле членови на втората комисија која го објавила огласот за продажба во 2007 година.

Претходна статијаЕлеонора пред камерите на „Задруга2“ си ја отвори душата и проговори за љубовните проблеми
Следна статијаСашо Мијалков повторно му пиша на Мицкоски