Пристига студен бран во Македонија: Метеоролозите најавуваат температури под нулата

0

До крајот на денов како и во текот на ноќта од југозапад облачноста над нашата држава ќе се зголемува и во западните, југозападните и во јужните предели ќе има локални врнежи од дожд, на високите планини (над 2000 метри) ќе има услови и за слаби врнежи од дожд, информира метеорологот Славчо Попоски.

Услови за слаби локални врнежи од дожд и тоа претежно на југот од државава ќе има и утре (четврток) додека од петок ќе продолжи периодот на претежно стабилно, суво и натпросечно топло време во текот на денот додека наутро ќе биде студено па така на некои места температурите ќе се спуштаат под нулата.

Поради релативно тивкото време во текот на следниот период во утринските часови по одделни котлини ќе има појава на магла.

Максималните дневни температури на воздухот следниот период ќе се искачуваат во интервалот претежно од 13 до 20 степени.

Претходна статијаИсповед: Со седум катанци му се заклучува машкоста за да пропадне бракот
Следна статијаПејачката Мартина се отвори по загубата на сопругот: Тој што ни ја нанесе болката му посакувам истово да го доживее