Исповед: Со седум катанци му се заклучува машкоста за да пропадне бракот

0

Не може да се опише страшното чувство за еден маж, кога тоа ќе му се случи. Веднаш виновникот се бара кај жената, бидејќи таа „нешто рекла“, „нешто направила“ за да му ја „убие“ машкоста. Истовремено, кај жената проработува црвот на сомнежот дека сопругот ја изневерува и дека постоењето на љубовницата е најверојатната причина за проблемот во креветот.

„Иако зад себе имал еден пропаднат брак, верувал дека овој со сегашната сопруга ќе биде успешен и ќе трае до крајот на животот. Слушал гласини дека и овој брак ќе му пропадне исто како и првиот, но не обраќал многу внимание на нив.

Веќе после првите неколку месеци заеднички живот со втората сопруга, започнале проблемите. Љубовта која ги споила преку ноќ се претворила во пепел и прав. Наместо хармонија и меѓусебно разбирање на кое се заколнале, во куќата завладеал хаос.

Се карале и за најмала ситница, почнале да се навредуваат со погрдни зборови, па дури тоа го правеле и пред гости. Дури уште повеќе имале потреба да се оцрнуваат еден со друг кога биле присутни луѓе со нив.

По некое време откако бурата се стишала, мажот помислил дека тоа е одлична пригода да ги смири односите со сопругата и да бидат интимни со нежност и љубов. Меѓутоа шокот бил страшно болен кога сфатил дека тој е немоќен. Тогаш започнал да ја обвинува сопругата дека тоа е нејзина вина, а таа него го обвинила дека за тоа е затоа што сигурно е вљубен во друга.

И така кавгата продолжила, а некогашните планови да ја доградат куќата и да родат деца – пропаднала. Истовремено со влошување на меѓусебните односи, започнало да се влошува и нивното здравје. Лекарските наоди покажувале дека двајцата се здрави, но ниеден од нив не се чувствувал добро.

Пателе од главоболки, мачнини, гушење и болки кои наизменично „шетале“ по телото. Дури некогаш истовремено добивале болки кои траеле по неколку часови. Тогаш мажот за првпат одлучил да побара помош од исцелител“ – раскажува А.Х.

Од исцелителот дознале дека бившата жена им ја заклучила среќата со седум катанци кои биле фрлени преку река, што било дополнително отежнато за растурање на магијата. Сепак, после два месеци разно-разни ритуали и 40 дена молитви, во нивниот дом повторно заблескала хармонија и речиси изгаснатиот пламен, повторно бил разгорен.

Претходна статијаМојата сопруга е незадоволна од бракот, ама изгледа неа само парите ја интересирале
Следна статијаПристига студен бран во Македонија: Метеоролозите најавуваат температури под нулата