Доколку вашиот партнер ги прави овие знаци, тоа се први симптоми на неверство

0

Ако сте во среќна врска, сигурно тешко ви паѓа самата помисла дека партнерот можеби ве изневерува. Според експертите за врски, има низа суптилни знаци што може да ви откријат дали вашите сомнежи за неверство се оправдани.

Првиот од многуте знаци е претераното внимание на партнерот кон вас. Многу истражувања покажуваат дека однесувањето на партнерот кој изневерува се менува на подобро. Ќе почне одеднаш да ви удоволува во секој поглед. Тоа се случува од две причини – го гризе совеста за неверството и сака на тој начин да се „искупи“ и исто така е екстра внимателен за да не се посомневате дека прави нешто на страна.

Многу важен знак е „продолжувањето“ на работното време. Ако дотогаш фиксното работно време одеднаш почне да се продолжува, а работните викенди се сѐ почести, можеби е време да се прашате дали е тој единствениот кој работи прекувремено во фирмата.

Социјалните мрежи станаа голем дел од нашите животи и нашето однесување онлајн исто така до одредена мера е одлика за нас. Ако на објавите на вашиот партнер одеднаш зачестат „лајкови“ и коментари од конкретна личност, постои голема веројатност дека има интензивна комуникација со неа, макар и само како онлајн флерт.

Ако забележите дека вашиот партнер го поминува поголемиот дел од времето кога е со вас зјапајќи во телефонот или ако излегува во друга просторија за да разговара, тоа се исто така знаци на потенцијално неверство.

Ако партнерот постојано ви префрла и ве обвинува за неверство, тоа е еден од најјасните знаци дека чувствува грижа на совест и сака на вас да ја префрли вината за раскинувањето. Или пак, сака и вас да ве доведе до неверство за да бидете „изедначени“.

Секако, сите овие ситуации може да имаат и логично објаснување и не мора да значи дека се знаци за неверство. Пред да станете параноични, сетете се дека комуникацијата е клучна во една врска, па побарајте одговори од вашиот партнер.

Претходна статијаМарин се правда: Ако прекине градбата кај „Мајчин дом“ – ќе пропадне Општина Аеродром
Следна статијаНивниот збор значи моќ и огромно влијание: Овие четири хороскопски знаци се особено опасни