Била девица, запознала момче, се венчала и затруднела за 9 дена

Актерката и манекенка Рози Мек, позната и како дублерка на Калиси од серијата “Game of Thrones”, забременила од пејачот Џош Брекс за кој се венчала по само девет дена познавање. Пред тоа, таа била девица и се држела до својот план да биде во целибат.

“Знам дека е лудо. Никогаш не верував во љубов на прв поглед, мислев дека ќе морам да се согласам на компромис. Тогаш запознавате некого и едноставно знаете”, раскажала Рози.

Со Џош Брекс, актерката била во контакт преку Фејсбук, а се сретнале прв пат кога заедно снимале песна за истата издавачка куќа.

“Имавме неколку заеднички пријатели, па одлучивме да се сретнеме на “Hollywood Bowl”. Веднаш имав чувство како да се знаеме со години. Можев да видам дека е морален и дека има добри семејни вредности. Мојот инстинкт говореше дека тој би бил добар сопруг”, додала Мек.

Како што вели таа, тие започнале да зборуваат за брак по третиот ден од познанството, а потоа отишле во матично и се венчале пред мексички пастор.

Loading...