Во вечерашната емисија „Отворено“ на ТВ 24 гостуваа актуелниот министер за финансии Драган Тевдовски и универзитетскиот професор и поранешен министер за економија Трајко Славески каде се дискутираше за актуелните економски состојби во земјата и за даночната реформа -прогресивно оданочување кое планира да го спроведува Владата на Република Македонија.
Трајко Славески истакна дека Владата не ги оданочува богатите бидејќи луѓето кои се опфатено во овие 1% кои се опфатени со прогресивното оданочување се луѓе кои со труд достигнале да бидат конкуренти на пазарот на трудот што значи дека Владата удира по работните места а не по акумулираното богатство.
-Со ваков пристап создаваме идеолошка конфузија велиме богатите ќе се оданочуваат – вие со оваа реформа не го оданочувате богатството и тука е проблемот затоа што правите конфузија помеѓу доход и богатство. Дали е богат некој млад инженер кој што се наоѓа на меѓународниот пазар на труд и заработува 1.500 евра, живее кај своите родители и нема стан нема педа земја, рече Славески.
Трајко Славески истакна дека Владата ако сака да направи суштински промени треба да ги оданочува навистина богатите луѓе и да воведе поголем данок на имот или даноците за наследство бидејќи само така ќе се направи еднакво и праведно општество.
Славески кажа дека Владата постојано зборува за праведно општество, но не применува мерки за да се креира истото.