Костадинов: Не се само осумте исклучени, се консултираме и со актуелни пратеници од ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени

0

Консултациите за уставните амандмани се водат со сите пратеници кои се заинтересирани за овој процес а во нив учествуваат и  актуелни пратеници од ВМРО ДПМНЕ, велат денеска од СДСМ.

-Разговараме како колеги за тоа што би се случило доколку овој процес пропадне, за тоа дали постојат алтернативи и апсолутно ве уверувам дека никој не знае друга алтернатива освен интеграција на државата во ЕУ и НАТО, вели Костадин Костадинов од СДСМ.

Додава дека опфатени во процесот се и осумтте пратеници од опозицијата кои ги поддржаа уставните измени и ќе формираат посебна пратеничка група, но уште еднаш потенцираше  дека сепак имаат консултациите и со дел од актуелните пратеници на ВМРО-ДПМНЕ.

По исклучувањето од својата матична партија, имаше шпекулации дека осумте пратеници ќе се приклучат кон ВМРО.Народна партија, но сепак, последните информации се дека тие ќе оформат своја независна пратеничка група.

Претходна статијаВо неа има оптимизам: Мајката на Дарко со прва своја изјава
Следна статијаМајка ми се мислеше дали да го роди, но јас и реков дека ќе се грижам за него