Голем дел од ракометарите на Вардар по одигрувањето на последните дуели од ЛШ и СЕХА заминаа дома каде ги очекува обврски со своите репрезентации на подготвки, а дел ќе се вратат во Скопје да тренираат од понеделник.
Да го посети својот дом пред обврските со национални тим, го искористи Игор Карачиќ. Тој ќе биде дел од хрватската репрезентација на првите два квалификациски меча за пласман на Европското првенство, а слободните денови пред собирот ги минува во родниот град Мостар.
Во неговите квалитети на ракометните терени многупати сме се увериле, а на социјалните мрежи тој го откри и неговиот втор талент. Тој објави фотографија од еден ноќен клуб во Мостар каде што пушта музика, а веројатно сите присутни си поминале одлично.