Знаеш ли како изгледа Кинескиот ѕид? Е, сега ти ќе бидеш Руски ѕид

0

Дарија Касаткина, руската тенисерка игра многу добро на турнирот во Москва, каде што беше забележана една интересна ситуација. Касаткина се пласираше во полуфиналето, а најмногу проблеми засега имаше во осминафиналето кога играше против Ализе Корне.

Французинката имаше водство од 1-0 во сетови и брејк предност во вториот, но Русинката успеа да се извлече и да дојде до триумф, а нејзиниот тренер знаеше како да ја мотивира.

„Слушај ме. Дали сакаш да го добиеш овој натпревар? Ќе направиме да биде едноставно. Знаеш како изгледа Кинескиот ѕид? Е, ти сега ќе бидеш рускиот ѕид. Тоа е нешто ново на пазарот. Руски ѕид“, кажа нејзиниот тренер.

Претходна статијаКривична пријава за Митко Јанчев – градоначалникот на Кавадарци
Следна статијаМногу ретко може да се видат во јавност – ова се наследниците на Саша Матиќ