ВИДЕО: Катастрофална грешка на Димитриевски – македонскиот голман како аматер

0

Македонскиот голман Столе Димитриевски не успеа да ја одбрани првата топка во рамки на неговиот гол од Ерменците и со кикс му подари погодок на противникот, во воведнтие минути од мечот.

Пицели одзеде топка на триесетина метри од голот, а потоа се доближи, си создаде простор и силно биеше. Димитриевски ја имаше топката в раце, но ја испушти во голот и дозволи водство за Ерменија.

Овој момент потсетува на Лорис Кариус, Германскиот голман кој минатата сезона во финалето на Лигата на шампионите, бранејќи го голот на Ливерпул прими комични голови од Реал Мадрид.

Претходна статијаФОТО: Имаме и ние „коњи за трка“ – Македонец ја облекува Џенифер Лопез
Следна статијаИсповед: Шефот ме викна во канцеларија кај него и ми рече да легнам со него или да си одам од работа