„Земете ми ги сите пари, јас само ја бранев мојата чест, семејството и религијата“

УФЦ шампионот во лесна категорија, Хабиб Нурмагомедов, истакна уште еднаш дека не се смета за виновен за неодамнешниот инцидент по борбата со Конор МекГрегор.

Да потсетиме, по борбата меѓу Дагестанецот и Ирецот, се случи голем инцидент и општа тепачка надвор и во рингот, а потоа беа сите казнети.

Хабиб го загуби хонорарот од борбата и сега му се заканува жестока казна од Спортската комисија во Невада, поради тоа што директно во гради удри член на стручниот штаб на неговиот противник.

„Нема да одам на сослушување во Лас Вегас, се нека ми земат, сите пари кои ги заработив, нека ме исфрлат 10 години. Мечот го завршив според правилата и тука мојата работа е завршена. Никогаш нема да одам таму, нека прават што ќе посакаат. Јас ги бранев моето семејство, религијата и мојата чест“.

„Ако дојде до двобој меѓу мене и Мејведер, тогаш ќе се одржат две борби, првата ќе биде боксерски стандарди, а втората по ММА правилата“, порача Хабиб.

Loading...