Република: Телма им забранува на своите новинари да објавуваат статуси и да коментираат на социјалните мрежи

0

Порталот Република објави известување од уредникот на Телма со кое на своите вработени им забранува да објавуваат статуси и да коментираат на социјалните мрежи:

“Телма им забрани на вработените да стваат било каков статус поврзан со политика, кој претходно не е одобрен од уредничкиот колегиум. На социјалните мрежи се појави соопштение од Телевизијата, според кое на вработените во телевизијата им се забрануваат коментари, мислења и анализи на нивните профили на социјалните мрежи, или во спротивно било каков коментар ќе биде санкциониран.

Новинарите на социјалните го коментираат ова известување, потпишано од уредникот Атанас Кировски како скандалозно и бараат ЗНМ да реагира доколку ова е вистина. Досега од Телевизијата не се оградиле од известувањто.”

Извор: Република

Претходна статија(ФОТО) Тато и мама пресреќни: Ќерката на Мики и Светле Црнокрак, Моника ја освои првата титула мис фотогеничност
Следна статијаСАД до Мицкоски: Разочарани сме од раководството на ВМРО-ДПМНЕ