Ганка Цветанова и одговори на Ивана, сопругата на градоначалникот на Карпош, Богоев

0

Статус на Ганка Цветанова, поранешен потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ:

Драга Ивана,

Ти пишувам по повод твојот пост на ФБ. Да, велам Ти пишувам и не Ти персирам, бидејќи според возраста јас тебе мајка можам да ти бидам а ти мене ќерка.

Твојот пост не ме разгневи, ниту пак ме навреди. Едноствано, ме натажи. Не ме разгневи и покрај тоа што и јас бев една од тие што бојкотираа на ЗОти септември. Не ме навреди бидејќи – фала му на Бога во животот имав и сè уште имам можност да шетам и да го прошетам светот.

Твојот пост само ме растажи. Ме растажи затоа што им судиш и ги осудуваш оние кои што не прошетале, како што ти самата велиш, подалеку од Грција и Бугарија. А такви има многу во Македонија. Но, знаеш што драга Ивана, уште повеќе ги има оние кои не можат своите деца ниту до Охрид или Дојран да ги прошетаат. Ним животот не им пружил таква шанса и можност како на тебе, мене, на мојата ќерка…

Драга Ивана, не ти се лутам. Ти одбивам на младоста и неискуството.

Длабоко сум убедена дека си добра девојка. Затоа, најдобронамерно и топло ти препорачувам да им се извиниш на сите оние на кои што им се обраќаш во својот пост.

И на крајот драга Ивана, на тебе и твојот сопруг ви посакувам среќен брак, многу љубов, разбирање и топол дом ислолнет со многудетно семејство.

Да си ми жива и здрава драга Ивана…

Со почит, Ганка

Претходна статијаЗошто одлучив да не бидам мајка, уфф, ќе си кажам
Следна статијаКако бе не ви е срам, Моника за 15 грама трава во затвор, а Горде со пресуда од шест години на слобода