Кифлички готови за 10 минути: Сите домаќинки “одлепија” по овој рецепт

0

Потребни состојки:

750 г брашно

150 г путер

3 лажици шеќер во прав

2 мали лажички сол

500 мл млеко

50 г свеж квасец

1 јајце и малку сол

Ако правите слатки печива:

750 г брашно

150 г путер

125 г шеќер во прав

500 мл млеко

50 г свеж квасец

1 јајце и малку шеќер

околу 30-40 г растопен путер за премачкување

Постапка:

1.Сварете го кратко млекото помешано со шеќер во прав и путер (само до точка на вриење). Изладете ја смесата до 37 степени (на допир на прст), во смесата изматте свеж квасец. Додадете брашно и сол. Замесете мазно тесто.

2.Од тестото веднаш обликувајте 20 топчиња. Секое топче тенко расукајте го и свиткајте го во кифла.

Кифлите редете ги во плех обложен со хартија за печење. Прекријте ги со кујнска крпа и оставете ги да одморат еден час на собна температура. Во меѓувреме загрејте ја рерната на 250 степени.

3.Пред печење премачкајте ја секоја кифла со изматено јајце во кое сте додале малку сол. Печете 8-10 минути во загреана рерна на 250 степени. Печените кифли премачкајте ги со растопен путер или маргарин (30-40 г).

Претходна статијаУтрешниот ден ќе биде напнат и стресен за овие хороскопски знаци – Дневен хороскоп
Следна статијаБидете подготвени, доаѓа вистинска зима: Температурите паѓаат, а на овие места ќе врне и снег