БРЗИ УШТИПЦИ КОИ НЕ ВПИВААТ МАСЛО, 6 години ги правам вака и уште ми ги бараат

ОВИЕ БРЗИ УШТИПЦИ КОИ НЕ ВПИВААТ РЕЧИСИ ВООПШТО МАСЛО, секој втор ден ги правам, а децата ги сакаат и благи и солени. Рецепт од каналот Мој Агол. Нема поубав и повкусен појадок или вечера од овие уштипци.




Ви велам, откога ми беа мали децата почнав секојдневно да ги правам, а до ден денес се уште ми ги бараат. Ги јадат и благи и солени, а се подготвуваат за неполни 30 минути. Нема побрз рецепт за подготовка на уштипци од овој, а потребни ви се само 5 состојки.




Во некои краеви се нарекуваат и пишии односно тестото е исто како и за мекици само што начинот на подготовка е различен. Пишиите се прават од кора и директно се пржат во тавчето, како што е првиот рецепт, а уштипците се црпат со лажица па се ставаат на пржење.




Тоа е единствената разлика, а за вкусот не можам да ви го доловам. Толку многу се вкусни што буквално се совршен брз појадок или вечера. Се комбинираат со разни намази од солени до благи.

Потребни состојки: 2 јајца, 300 мл јогурт, 1 чајна лажичка сол, 600 г брашно (јас користев тип 500), 1 ќесичка прашок за печиво или 12 г.




Постапка: Сите состојки си ги спремив во посебен сад, а потоа само ги додавав во поголем сад за замесување на тестото. Најпрво додајте ги двете јајца и изматете ги со рачна жица, маталка.




Потоа додајте 300 мл јогурт, 1 чајна лажичка сол, па повторно добро промешајте. Постепено додавајте го постепено брашното и додајте 1 ќесичка прашок за печиво. Како што го додавате брашното, мешајте се додека да се формира тесто, нелепливо под прсти.




На крајот треба да добиете тесто кое лесно ќе се одвојува од садот и нема да лепи. Подготвеното тесто се префрла на набрашнета рамна површина, па се развлекува со оклагија околу 5 мм во дебелина.

Потоа се сече тестото на еднакви вертикални линии, а потоа на помали хоризонтални, како коцки. Вака исеченото тесто се остава да отстои 10 минути, а во меѓувреме во тенџере на рингла се става маслото да се загрее.




Во загреаното масло се пржат уштипците колку што собира во тенџерето, прво се пржат од едната па од другата страна, додека да заруменат, а потоа се вадат на поголема чинија со хартија за да излезе од нив маслото. Деталите од целата постапка може да ги погледнете во видеото ОВДЕ.




II РЕЦЕПТ. Потребни состојки: 1 јајце, 200 г брашно, 1/2 ќесичка прашок за печиво, сол, околу 150 мл јогурт и масло за пржење.

Постапка: Изматете го јајцето со јогуртот, посолете и додајте брашно и прашок за печиво. Добиената смеса треба да изгледа ниту премногу течна, ни прегуста, да може да се црпи со лажица.




Маслото загрејте го и веднаш намалете ја температурата за да не поцрнуваат пребрзо уштипците. Во тој случај внатре ќе останат недопечени, а однадвор ќе добијат кафеава боја. Значи, печете ги на умерен оган додека да заруменат од сите страни.




Од тестото црпете со кафена лажичка која секојпат претходно треба да ја натопите во топлото масло во кое ги пржите уштипците. Послужете ги топли или ладни со сирење, ајвар, јогурт.. А може да ги наросите и со шеќер во прав и да ги послужите со џем или лешников крем.

Овие уштипци се навистина многу меки како памук, затоа што се приготвени со јогурт. Доколку ги сакате да бидат крцкави, тогаш пригответе ги со млеко наместо јогурт.

Претходна статијаОваа позната Србинка живее со 35 години помлад маж и не се сpами да признае дека го издржува, а тој зема плата од 300 евра
Следна статијаРосана раскажа тажна приказна за сестра си Маријана: Сонцето не ме грее, душава не ми пее…