Додајте само 1 состојка и пилешкото никогаш нема да ви биде суво и жилаво – тајната на професионален готвач

0

Пилешки медалјони, многу сочни и вкусни, ги правам постојано.Рецепт на Валентина од каналот Кујната на Валентина Машковиќ.




По овој рецепт ќе ви излезат многу вкусни. Сите го сакаме пилешкото, но сите знаеме дека доколку се превари или препржи може да биде многу суво.

Сега ќе ви покажам како го подготвувам јас, а после ова и вие ќе го практикувате овој метод. Тајната на сочноста е само 1 состојка. Ова може да го практикувате и со шницли од свинско или јунешко месо, а за возврат добивате сочно месо.




Јас моментално правам пилешко филе, месо околу 1 кг, но може да си земете колку сакате. Ставете еден по еден стек во поголем сад и зачинете по вкус. Од зачини користам: сол, црн пипер, рузмарин и малку вегета.




Тајната состојка е во зачинетото месо да ставите млеко кое треба да отстои заедно со стековите. Млекото треба да го прелие месото, а потоа се остава да отстои околу половина до еден час, покриено со проѕирна фолија.




Многумина не го знаат ова, но млекото ја извлекува маснотијата и го омекнува, му дава сочност. На овој начин повеќе нема да ви биде суво и жилаво. По отстојување, месото се похува со брашно, презла и масло.

Потоа, секое парче месо се става во брашно, па во презла и се пржи во претходно загреано масло.




Овие шницли уште се нарекуваат и виенски, но доколку не сакате да е премногу масно, може да испржите без похување и на тој начин ќе бидат многу сочни и неодоливи. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ.




Ви претставуваме уште еден начин на подготвување на пилешкото. Рецепт за пилешко кој треба веднаш да си го запишете. Во овој рецепт, месото се маринира, но во секој случај треба да ја подготвите постапката со млекото која погоре ја споменавме.




Потребни состојки: 500 г пилешко филе (или по избор), 250 мл јогурт, босилек, масло. За маринада: 2 лажици масло, 1 лажица црвен пипер, 1 мала главица црвен кромид, 2 чешниња лук, сол, црн пипер..




Постапка: Во блендер или рачен миксер направете маринада од месото со масло, црвен пипер, кромид и лук. Месото натопете го во подготвената смеса и оставете да отстои некое време, може и преку цела ноќ.




Запржете го месото, а доколку ви остане од маринадата прелијте ја одозгора врз месото. Потребно е добро да се испржи од двете страни, па потоа прелијте со јогурт во кој сте ставиле ситно сечкан босилек.




Оставете да се крчка уште малку додека да ја добие посакуваната густина, па послужете со гарнир по желба. Одлично одговара со златна мешавина од зеленчук или варен компир / пире.

Извор: НМД.мк

Претходна статијаСрбија во шок – од вирусот се упокои познатиот актер на само 49 години
Следна статијаЛила денес слави јубилеј, еве колку години полни и какво изнедаување доби од важна личност (ФОТО)