Како да го направите најубавиот домашен гулаш – најдобриот рецепт кој постои

0

Како се прави најдобриот гулаш. За да го приготвите ова превкусно јадење, ќе ви бидат потребни следните состојки: 1,5 кг јунешко месо, 1 кг кромид, 4 чешниња лук, 2 моркови, сол, црн пипер и зачини по ваш вкус.




Постапка: месото исечкајте го на коцки и маринирајте го неколку часови претходно или најдобро преку цела ноќ. Маринадата е пожелна за сите видови немасни меса како што е пилешкото, мисиркиното или јунешкото, па им се додава некоја кисела состојка за да омекне.

Тоа може да биде сенф, лимонов сок или оцет, вино или пиво за да може да продре низ мускулните влакна и да го направи поровко. Се додава сол и зачини по вкус, како и масло. Доколку немате некоја своја вообичаена маринада, тогаш еве еден предлог за класична маринада.




Во еден сад ставете сол, сув зачин, малку црн пипер, малку црвен пипер доколку сакате, 3 лажици соин сос, 1 лажица балсамико оцет, 1 лажичка мед, 1 лажичка сенф, околу 3-4 лажици маслиново масло, малку толчен лук, 1 лажичка тимијан, половина лажичка мажуран.




Убаво промешајте ги состојките за да се изедначат. Измешајте го месото во маринадата од сите страни и оставете го во сад во фрижидер најмалку 4 часа пред приготвувањето. Оваа маринада има нежен вкус, месото го прави меко и едноставно се топи во уста.




Кромидот исчистете го и исечкајте го на ситни коцкички, а истото направете го и со морковот. Земете едно парче сланина од 150 г и ситно исечкајте ја. Во едно длабоко тенџере ставете малку масло и на дното прво ставете го сечканиот кромид. Колку повеќе кромид, толку повкусен гулаш.

После кромидот рамномерно распоредете го и сечканиот морков, а одозгора наросете ја сечканата домашна сланина (дава одличен вкус на јадењето). На крај одозгора распоредете го маринираното месо и тенџерето ставете го поклопено на многу тивок оган.




На овој начин без мешање оставете го да се динста околу 15- 20 минути. Времето за целото готвење е околу 2-3 часа, колку подолго се готви толку е подобар. Зачините не се ставаат на почетокот, туку пред крајот од готвењето. После 15-20 минути малку промешајте го месото.




Месото под капак само ќе си испушти сопствени сокови, па нема потреба да се додаваат дополнителни течности или вода. Повторно поклопете го и малку засилете го огнот, па продолжете со готвењето. Во секој случај, мора да се следи динстањето и доколку се забележи дека нема течност, по потреба да се долее малку вода.




После 50 минути гулашот добива фина кафеавкаста боја и во овој момент е добро да се додаде малку вода за да не загори на дното. Се додава приближно половина литар вода. Малку промешајте, повторно засилете го огнот, поклопете и продолжете со готвењето.




После еден час и 45 минути додадете ситно сечкано лукче, по потреба додадете малку вода, а ако не треба, само поклопете и продолжете со готвењето. После два часа готвење можете да го зачините гулашот. Ставете сол, сув зачин, малку црн пипер и 2-3 мали лажички црвена мелена слатка пиперка.




Промешајте за да се растворат зачините и намалете го огнот за да не ви загоре јадењето. Со додадените зачини гулашот треба да се готви уште околу 30-40 минути. малку вкусете и по потреба досолете или додадете уште некој зачин по потреба и ваш вкус.




Веќе после три часа готвење гулашот треба да е сварен и може да се послужи со ориз, компир пире, палента, разни тестенини… Многу е вкусен сосот, а месото се топи во уста.

Извор: НМД.мк

Претходна статијаИлина Арсова, иако не успеа да гласа, откри на кого ја дава својата поддршка на изборите (ФОТО)
Следна статијаОва е синот на Гоце Тодоровски, има неверојатно име и презиме и ист е како татко му кога беше помлад (ФОТО)