Ова е синот на Гоце Тодоровски, има неверојатно име и презиме и ист е како татко му кога беше помлад (ФОТО)

Македонски народни приказни се екранизација на голем број на македонски народни приказни собрани од собирачите на народни умотворби (Марко Цепенков, Кузман Шапкарев и други).




Овие кратки ТВ епизоди беа снимени од страна на ТВ Скопје, подоцна од МТВ во перидот од раните 80-ти, па сè до 2003 година. Досега се снимени околу 300 епизоди, не вклучувајќи ги новите епизоди.




Некои од старите глумци беа дел и од новите сезони снимани во продукција на МТВ, Сител, А1 и Канал 5. На 7 октомври 2009 година започнало снимање на нови делови на серијалот. Режисер на првите 10 нови Македонски народни приказни е Миле Грозданоски, додека сценарист е Шенка Колозова.




Понатака режирањето ќе биде препуштено и на други режисери, меѓу кои и Љупчо Билбиловски. Снимњето е под капата на МТВ и дел од приказните се засновани на македонските приказни собрани од Марко Цепенков. Во новата сезона Македонски народни приказни учествуваат голем број на глумци од старите делови, како и нови македонски глумци.




Првата епизода од новите македонски народни приказни снимани од МТВ се вика „Грнчарот“ и се снимала во едно од студијата на МТВ. Останатите епизоди се снимани во околината на Скопје, како на пример: во дворови во Скопска Црна Гора, кај Св. Пантелејмон, во селото Нерези, во селата Добри Дол и Соње, во Куршумли ан, како и во студијата на МТВ.




Покрај МТВ, македонските народни приказни се снимаат и во продукцијата на А1 Телевизија . Нови приказни досега нераскажани, воглавно од 20 век, со нова актерска екипа, снимани на локации во село Бањани и Чучер.




Покрај МТВ и А1 Телевизија, македонски народни приказни се снимаат и во продукција на Канал 5, Алфа Тв и Сител Телевизија. „Владо, Шенка, Гоце, Лазар, Ели, Дубравка, Љупчо, Кирил и останатата екипа снимаат и на -22 и на +42 степени за во Септември да имате и гледате нови епизоди, ептен тазе. Традицијата продолжува“, беше објавено на страницата на Ѓорѓи Колозов летово.




Гоце Тодоровски е секако еден од актерите без кои Македонските приказни не можат да се замислат. За него и а повозрасните колеги, помладиот колега Владо Дојчиновски во една прилика, во интервју за Црно- бело рече:

-Го завршив факултетот кај што според мене се учи основата на актерската игра, а имав среќа да работам со големи и искусни актери кај нас, прифатени и наградени за тоа што го правеле (Шенка Колозова, Ванчо Петрушевски, Гоце Тодоровски…)




И благодарение на тоа несебично ќе кажам дека покрај овие искуства, а и, ете според мислењата на овие мои колеги, јас веќе успеав да ја работам мојата професија на начин каков што ја работеле тие, од градењето на ликови, правењето на производот до блискоста кон публиката и многу се радувам што тоа го правам баш така“, рече Дојчиновски.




За кариерата на Гоце се знае многу, а за приватниот живот многу помалку. Тој е долги години во среќен брак со Тања, ја има ќерката Сашенка, која е среќно мажена и често на социјалните мрежи објавува слики од својот сопруг.

Но, Гоце има и син, кој верувале или не се вика исто како и татко му, Гоце Тодоровски.




Во една прилика, актерот раскажа дека кога го пријавувал синот во матично, жената која работела на шалтер била многу изненадена кога го прашала како се вика, а тој ѝ рекол: Гоце.

Потоа, кога го прашала како ќе го крсти дедето, и тој повторно рекол Гоце, таа мислела дека станува збор за некоја забуна. А за ќерката Сашенка, Гоце рече дека тој и сопругата сакале ќерката да име необично име кое им се допаѓало а потеклото е од Русија.




Гоце Тодоровски помладиот е помалку активен на социјалните мрежи, а според профилната слика, тој доста личи на својот татко, всушност, тој е ист Гоце во помладите денови.

Во една прилика, слика со својот брат објави Сашенка, а поводот беше неговиот роденден, и напиша: Брат ми, среќен роденден, да си ми жив и здрав, душа мој си ти.

Претходна статијаКако да го направите најубавиот домашен гулаш – најдобриот рецепт кој постои
Следна статијаСинот на Џорлев откри за неостварените планови со татко му: Пред една година започнавме нешто прекрасно (ФОТО)