Над 40 банки во Германија веќе овозможуваат трговија и чување на криптовалути за своите клиенти – соопштение на ВМРО-ДПМНЕ

0

-На денешната трибина во Карпош зборувавме како до просечна плата во еден мандат од 750 евра во Македонија, легализирање на тргувањето со крипто валутите и со имплементирање на „Blocкchain“ технологијата која што се помалку се зборува во регионот, а во Европа, во Светот и во САД е сериозна економска платформа.




Денеска во Македонија ниту е забрането, ниту е дозволено да се тргува со криптовалути бидејќи нема законска рамка, нема законско решение. ВМРО-ДПМНЕ од позиција на опозиција ќе предложи во парламентот Закон со којшто ќе се дозволи трговија и чување на криптовалути во Македонија.




Ќе предложиме закон за формализирање на трговијата и чувањето на криптовалути, за тргување без ДДВ, и 0% данок на добивка и доход до крајот на 2023 година за инвеститорите, рече лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски.

Легализацијата на трговијата со криптовалути ќе биде од бенефит и за граѓаните и за правниот промет кон странство.




Законското решение кое ќе го изготви ВМРО-ДПМНЕ и ќе го поднесе до Собранието ќе ја легализира трговијата со криптовалути и нивното чување. Граѓаните кои што ќе тргуваат ќе бидат ослободени за тргување со истите од ДДВ, а инвеститорите од данок на доход и данок на добивка најмалку до крајот на 2023 година.




Со формализирање на трговијата ќе им се овозможи на нашите граѓани кои тргуваат со круптовалути да можат да ги разменуваат за пари во Македонија, а на правните лица ќе им се овозможи да вршат плаќања кон странство кон своите добавувачи или клиенти во криптовалути.




Сето тоа да биде формално регистрирано како да се работи за жирално плаќање, со тоа ќе се овозможи поголема брзина во трансакциите и пократки временски рокови за вршење на плаќањето.




Над 40 банки во Германија веќе овозможуваат трговија и чување на криптовалути за своите клиенти. Пеј Пал тоа го прави во САД, а Виза има дебитни картички кои овозможуваат поддршка на криптовалути. Да фатиме чекор со напредните држави.




Време е за развој. Време е за Македонија за сите луѓе, велат во партиското соопштение денес, од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Претходна статијаШербет колачиња – ефтини, лесно се прават, уште побрзо се јадат
Следна статијаСпенџарска: Можеби, кога ќе решиш да си заминеш, твојот живот штотуку ќе започне