Проговори поранешниот градоначалник на Прилеп, Марјан Ристески – имаше што да каже за новиот кандидат од ВМРО-ДПМНЕ

0

Докторот Борче Јовчески најверојатно ќе биде кандидат за градоначалник на Прилеп од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.




Неговата кандидатура беше најавена на партиска вечерва во Прилеп, на која присуствуваше и генералниот секретар на партијата Ѓорѓија Сајкоски. Истата и формално треба да биде потврдена од партиските тела.




На социјалните мрежи се огласи и пратеникот Антонио Милошоски, споделувајќи фотографија од Јовчески од партиската трибина во Прилеп со текст: „Д-р Борче Јовчески за Прилеп, многу добро расположение и спремност за работа за доброто на општината и сите прилепчани“.




Јовчески е актуелен советник во Советот на Општина Прилеп, а по професија е специјалист по ортопедија.

Ова е втор кандидат кој го објави ВМРО-ДПМНЕ. Вчера од партијата соопштија и дека на локалните избори во Охрид ќе трчаат со актуелниот пратеник, Кирил Пецаков.




Изборот на партијата Јпвчевски да биде кандидат на опозицијата за Прилеп, за многумина беше изненадување. Сите очекуваа кандидат да биде поранешниот градоначалник Марјан Ристески. Ристески пак на социјалните мрежи проговори за д-р Јовчевски:




„Упатувам искрени честитки на д-р Борче Јовчески за кандидатурата за Градоначачник на општина Прилеп од редовите на ВМРО-ДПМНЕ!

Сигурен сум дека вредностите ќе му бидат приоритет, принципите водилка, а интересите на граѓаните основна цел.




Убеден сум дека граѓаните на Прилеп ќе ја препознаат неговата чесност, неговата одговорност… посветеност… желбата за развој на град Прилеп, што ќе придонесе да ја добие нивната доверба и голема победа во Прилеп.




Граѓаните го заслужуваат најдоброто, градот заслужува да биде во вистински раце!
Прилепчани ќе се гордеат со делата на хуман и работлив човек, а градот заслужено ќе го врати сјајот и ќе добие лик многу поинаков од сегашниот!




Борче едноставно е кандидат на сите граѓани на град Прилеп… Напред… до конечна победа!!!“

Претходна статијаПред малку се огласи Груевски и ја објасни својата верзија за она што го судат
Следна статијаКостадин: Преговори и разговори за македонскиот идентитет, за македонскиот јазик ниту имало, ниту има, ниту во иднина ќе има