Обвинителката објаснуваше како одела „шемата“ во случајот каде е обвинет Груевски

0

Адвокатите од одбраната го оспорија обвинението, за тимот на Мијалков нема логика додека бранителите на Камчев доставија медицинска документација за негово нарушено здравје. На екс премиерот Груевски му се суди во отсуство.




Заплена на станови и имот во Скопје и во Крушево на екс премиерот и бегалец Никола Груевска, побара обвинителката Лиле Стефанова на првото рочиште од сускиот процес за случајот „Плацеви на Водно“ каде на обвинителната клупа седат и екс шефот на тајната полиција Сашо Мијалков и Јордан Камчев кои беа донесени од истражнито затвор „Скопје“ во Шуто Оризари како и неговата мајка Ратка Камчева, Ненад Јосифовиќ и Ристо Новачевски, кум на Груевски.




Обвинителката Лиле Стефанова во воведен збор за сложениот случај за плацевите на Водно на Никола Груевски објаснуваше како поранешниот премиер испрал 1,2 милиони евра преку офшор фирми од Белизе и Панама.




Деталите што ги спомна за тоа како се движел текот на украдените пари на членови на партијата, но и на фирми од Македонија, на пример како прво ги складирал во сефови, а потоа ги вадел и електронски ги префрлал на фирмата ќерка на фирма од Белизе, предизвикаа молк во судницата.




Стефанов откри и детали за тоа како Груевски ја злоупотребил моќта да го смени Генералниот урбанистички план (ГУП) на Град Скопје и Деталниот урбанистички план (ДУП) на Општина Центар, за да ги земе плацевите преку офшор фирмите, отворени за таа намена, преку сообвинетите блиски луѓе по крвно сродство и по бизнис интереси: првиот братучед Сашо Мијалков, кумот Ристо Новачевски, бизнисменот Орце Камчев, неговата мајка Ратка Куновска-Камчева, адвокатот на Орка Холдинг Ненад Јосифовиќ.




„Груевски стекнал имот, но го запишувал на туѓи имиња. Сведоци кои купувале за него имот, го регистрирале на име на фирми кои ги отварале специјално само за таа намена.

Овој човек кој го негуваше имиџот дека нема ништо на свое име, дека живее во стан на мајка си и има само заштеда од плата, купил станови на име на сведоци. Ќе ги чуете, ќе сведочат тука”, го почна Стефанова со воведниот збор, пренесува порталот сдк.мк




Таа кажа дека Груевски првин купил плац на Водно на туѓо име, до куќата на Вилма Трајковска, сопруга на покојниот претседател Борис Трајковски.

„Ќе дојде сведок што го купил на негово име, ќе каже како го купил на јавно наддавање во Министерството за транспорт и врски за само 100 илјади евра. Го најдовме и планот за палатата во барокен стил”, кажа таа.




И во Крушево купил плац за себе. Таму претходно влијаел да се смени ДУП-от.

„Ќе докажеме како влијаел да се пробие шума и да изгради пат. Овој имот не го пријавил во својот анкетен лист”, потенцира обвинителката.




„Првообвинетиот Груевски дознава дека на Водно се продаваат плацеви, што би рекол во разговорите ‘за џабал’к’. Ќе се сетиме на разговорите кога Силвана Бонева му вика дека во Струмица сè е изрекетирано.




Тој и вели дека тоа е спонзорство. Списокот на ‘спонзори’ го знаел само Груевски. Потоа парите ги распоредувал во сефови, најмногу во Кипар и Швајцарија, на име на офшор фирми, а другите на членови кои никогаш не донирале во ВМРО-ДПМНЕ”, ја раскажува Стефанова целата шема на тогашниот премиер.




Кога дознал за 11-те илјади метри квадратни „за џабл’к“, се насочил и на тоа земјиште, иако си нашол плац за себе до Вилма Трајковска.

„Земјиштето било класа шума. Му се брзало и почнал да бара начин како да го купи на туѓо име. Му се јавил на Сашо Мијалков, негов прв братучед, тогашен директор на УБК.




Мијалков знае дека овој како премиер нема заработени 1,2 евра, но се зафаќа да му помогне и да се прикрие неговото име како иден сопственик на 11.000 метри квадратни на Водно, што им се намерачил да ги купи”, рече Стефанова.

Целиот текст прочитајте го на сдк.мк

Претходна статијаПеточка молитва кон Мајката Божја – обратете и се со овие зборови
Следна статијаПред малку се огласи Груевски и ја објасни својата верзија за она што го судат