УХМР со лoшa вест за оние кои планираа да одат негде викендов – еве какво ќе биде времето

0

Многу често, кога го пиеме утринското кафе со пријателите или колегита на работа, знаеме да искоментираме дека, како за „беља“, преку недела кога сме на работа, времето беше одлично, а викендот кога сакавме да прошетаме се расипа.




Се чини дека токму тоа не очекува престојниов викенд. Сепак, ќе има периоди во денот кога ќе можеме и да прошетаме. Впрочем, проследете ја прогнозата за викендот и следните неколку дена подолу.




Времето утро ќе биде сончево и многу топло, попладне со умерена облачност. Кон крајот на денот наместа ќе има појава на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.




Времето во сабота ќе биде претпладне сончево со мала до умерена облачност. Од пладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Понекаде процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со појава на град. УВ=8




Времето во недела. Претпладне ќе биде променливо облачно. А од пладневните часови ќе биде нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со појава на град. УВ=8

Во понеделник, сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне со услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен претежно северен ветер. УВ=8




Во вторник, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен претежно северен ветер. УВ=8. Температурите ќе бидат повторно во пораст, а во некои делови од државата ќе се искачат до 39 – тиот степен.




УХМР зa утре објави и актуелно предупредување дека во целата земја како денес така и во наредниот ден во поголемиот дел ќе се задржи многу топло.

Утре кон крајот на денот наместа ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.




Во деновите на викендот ќе биде нестабилно на повеќе места, кога во попладневниот дел од денот ќе има и поинтензивни процеси понекаде во форма на невреме со појава на град и засилен ветер.




Претходна статијаВлатко „Велат не нема“ Миладиновски ве кани сите – дојдете Македонци за Илинден (ВИДЕО)
Следна статијаОбјавена конечната анкета – еве кој има најголеми шанси за победа на 5 дена пред гласањето во Бугарија