Гледате и сами дека ништо не ми е, едвај чекам да си одам дома: Се огласи велешанецот кај кој е регистриран делта сојот

0

Седум случаи на пациенти заразени со новиот, делта сој, се регистрирани до сега во Македонија.




-Се додека на планетава, сите не се осознаеме до мера дека и најсиромашните земји треба мосовно се извакцинираат, ваквите закани како што се случија со Делта мутанот ќе значат сценарија на јојо систем, односно топло ладно, и постојано ќе одиме во осицлации се додека силата на висрусот не се исцрпи, но за да додје тоа ќе поминат години, изјави денес професорот Даниловски за ТВ 24.




Треба да ја забрзаме работата и на вирусот да не му се дозволиме амбиент за мутирање. Тоа нешто се постигнува со молскавична војна, односно во што пократко време сите да бидат вакцинирарни.

Она што кај нас што се случува е тој факт и ние сме дел од затворен систем. За очекување беше уште когасе појави во Индија, стана доминатен во Бријтанија.




Делта сојот се разликува од Алфа варијатната по тоа што се проценува дека е 70 посто позаразен. Тоа значи, дека ако има услови за ширње, ќе имаме една поголема динамика на новозаболени. Тој е полесно заразлив и попродорен во клетките на домаќинот.




Се уште нема доволни индиции да се каже дека придизквуква потешка слика. Она што е карактеристичлно е дека е изместен акцентот на неговите симптоми. Ако кај Алфа беше болки во зглобови, изгубен мирис, сега доминираат главоблка, течење на нос и болки во грлото, рече Даниловски.




Еден од пациентите со Делта сојот е сместен во велешката болница. Тој се вратил од Англија пред неколку нeдели, уште шест пациенти се сместени во приватни клиники, од кои двајца се во клиниката „Жан Митрев“.

Во една од болничките соби на инфективното одделение во Велес лежи 43 годишниот пациент кај кој е лоциран делта сојот. Екипата на Телма случајно го затекнала на тераса, но не сакал да говори пред камера.




Раскажа дека неодамна се вратил од Англија каде работи. Се пожали дека условите се лоши и дека во петок очекува негативен тест за да излезе од болница. Не верува ниту дека е заразен, бидејќи симптоми нема, а не е ни имунизиран.

-Отидов на преглед само поради тоа што имав проблеми со синуси. Гледате и сами дека ништо не ми е и едвај чекам да излезам од тука. По доаѓањето контактирав само со сопругата и таа е добро, нема никакви симптоми.




Според информациите од епидемиолзите во анкетниот прашалник е наведена само сопругата. Пациентот слетал во земјава на 21 јуни кога се вратил во велешкото село каде живее, а на 28-ми бил хоспитализиран.

Во моментов активени се само два случаи од кој еден е со делта сој. Спасот докторите го гледаат во имунизацијата. Интересно е тоа што овие два дена интерсот за имунизација во градот е пораснат.




Градоначалникот на Велес Аце Коцевски смета дека не е потребен карантин за градот само поради тоа што има еден случај со делта сојот кој полесно се шири, пренесува Телма.

Претходна статијаАпасиев: Ни се нудат членови на други партии да преминат кај нас со цели општински – не, не, не ние ги одбиваме тие
Следна статијаМожно е да им се бара негативен тест на оние кои се враќаат од Грција, но засега нема таква одлука