Апасиев: Ни се нудат членови на други партии да преминат кај нас со цели општински – не, не, не ние ги одбиваме тие

0

Во денешна емисија „Само вистина“ на Канал 5 телевизија, пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев зборувајќи за недамнешниот инц идент со полицаец кој го легитимира, резимираше дека живееме во полициска држава.




– Ние сме полициска држава пар-екселанс. Европскиот просек на 100.000 жители е да има 300 полицајци, кај нас има 600 полицајци, ако сметаме дека сме два милиони, односно јас мислам дека не сме толку, туку еден и пол милион, така што кај нас има 800 полицајци на сто илјади жители.




Не заборавајте дека гне вот на младите започна токму од протестот на Мартин Нешковски против полициска бр утал -ност, ова се сензитивни теми и јас уште како студент не сум дозволувал каубојско однесување на полицијата, а не па како професор по право или како пратеник со имунитет, истакна Апасиев.




Притоа тој го цитираше римското право, од каде според него произлегува и имунитетот на политичар како поим и како доктрина.

Апасиев изрази сомнеж околу чесните намери на СДСМ, околу декларацијата која ја предложи ВМРО-ДПМНЕ, а ја подржа и неговата партија Левица:




„Нашата декларација, ако се смилува на монархот Талат Џафери да ја стави на дневен ред, можеби некогаш ќе дојде на ред и тогаш се надеваме на поддршка од пратениците на СДСМ“, изјави лидерот на Левица, Димитар Апасиев за емисијата „Само вистина“, зборувајќи за Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ за црвените линии во преговорите со Бугаријам, додавајќи дека ќе ја поддржат.




Според него, во нивната 9-та точка од нивната декларација, предвиделе се и затоа ја нарекуваат Македонска национална платформа.

„Црвените линии според нас се унитарноста на Македонија, секуларноста, територијалниот интегритет, идентитетот и државните симболи. Тие се НЗС, зад кои треба да застане секоја македонска партија и мора да стави потписот“, рече Апасиев, додавајќи дека мора да ги напуштиме преговорите со Бугарија.




„Мора да се зачува достоинството на народот. Ние ќе бидеме Турција 2, која триесетина години преговара со ЕУ“, истакна пратеникот.

Треба да ги продолжиме преговорите со ЕУ, но мора да ги напуштиме преговорите со Бугарија, рече лидерот на Левица Димитар Апасиев. Според него, во преговорите на маса се идентитетските одредници и затоа, смета тој, потребна е резолуција за црвените линии. Тој останува на ставот дека мора да се поништи Преспанскиот договор.




-Мора да се зачува достоинството на народот. Ние ќе бидеме новата Турција, која триесетина години преговара со ЕУ. Светот е мултиполарен и има алтернативи. Кина за една деценија ќе стане најсилна економија… – рече Апасиев на Канал 5, при што како можни алтернативи ги спомена БРИКС, Евроазиска унија, Движењето на неврзаните…

Димитар Апасиев на крајот на емисијата проговори и за претстојните локални избори. Тој во овој дел обзнани дека тие како партија имале понуди од многу поединци членови на други партии, кои се нуделе да преминат кај нив со цели општински комитети:




-Имаме многу такви понуди, но ние не сакаме луѓе со опашки и багаж позади себе. Не, не, не, ние таквите ги одбиваме, рече Димитар Апасиев.

Претходна статијаПо подолго време се огласи Рашела Мизрахи и проговори за Талат Џафери
Следна статијаГледате и сами дека ништо не ми е, едвај чекам да си одам дома: Се огласи велешанецот кај кој е регистриран делта сојот