Првата дама „крцкаше“ кај Папата – Претседателот Пендаровски му подари дрес (ВИДЕО)

0

Претседателот Стево Пендаровски синоќа на социјалните мрежи, објави видео од посетата на Македонска делегација на аудиенција кај Папата Франциск.

-На Неговата Светост му ги пренесов поздравите од нашите граѓани и го замолив во своите молитви да ја спомене и благосостојбата на нашиот народ.

Делото на нашата уметница и дизајнерка Билјана Клекачкоска, инспирирано од мозаикот во крстилницата на епископската базилика во Стоби од 4 век,

најстарата црква во Република Северна Македонија, е подарокот за папата Франциск како сведоштво за културата и духовноста на нашата земја.

Филигранската изработка и симболите вградени во делото ја изразуваат нашата длабока почит кон неговата светост.

Аргентина нема да учествува на европско првенство во фудбал, и папата мора да навива за некој тим.

„Ако учествуваше Аргентина ќе победевте му реков денеска на Папата Франциск, а ние како земја за прв пат се пласиравме на Европско првенство и сега ви го предавам првиот официјален дрес.

Напишано е Папа Франциск на кирилица, да навивате за нас, да се помолите за нас барем да станеме европски шампиони“, му порачав на Папата Франциск, од кого добив ветување дека ќе се моли за нас.

Особено впечатлив, беше изгледот на првата дама на нашата земја, Елизабета Пендаровска.

Почитувајќи ги строгите протоколи за дрес-кодот, Првата дама носеше црн формален костим со долги ракави и вел со кој се покрива главатa, потпишани од истакнатата креаторка Лидија Георгиева.

На средбата беа истакнати одличните билатерални односи меѓу Република Северна Македонија и Светата Столица, кои се темелат на длабоки историски врски, споделени духовни и културни вредности и традиции.

Претседателот Пендаровски го реафирмираше интересот за продлабочување на односите со Светата Столица, во сите сфери од заеднички интерес и го истакна значењето на католичката заедница во нашата држава и нејзиниот придонес во нашето општество.

Видеото кое Претседателот Стево Пендаровски го објави на социјалната мрежа Инстаграм, можете да го погледнете ТУКА.

Претходна статијаД-р Нико Беќаровски ги разјасни сите дилеми околу кинеската вакцина
Следна статијаОгнен Здравковски ја отвори душата и призна: Ќе поминев многу подобро, но моја голема грешка е што не правев промени