Проф. Трајковски: Кој можеше да помисли дека Македонија ќе ја надмине дури и Белгија

0

Состојбата со пандемискиот вирус кај нас, како да се смирува. Вчерашниот извештај на Министерот за здравство Венко Филипче, тоа и го покажува:

-Во последните 24 часа се направени 4.045 тестирања, а регистрирани се 1.129 нови случаи на КОВИД-19.

Пријавени се вкупно 27 упокоени лица: 12 од Скопје (60г, 65г , 66г, 66г, 69г, 73г ,74г, 77г 78г, 78г, 79г и 82г), по 3 лица од Битола (60г, 66г и 79г) и Охрид (58г, 66г и 77г), по 2 поч инати лица од Куманово ( 59г и 75г) и Тетово (54г и 68г) и по едно лице од Прилеп (86г), Велес (56г), Гостивар (76г), Струмица (73г) и Кичево (63г).

Регистрирани се 1.152 оздравени пациенти. Досега во земјата се направени вкупно 674.378 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 143.162, бројката на оздравени пациенти е 118.946, на починати е 4.289, а бројот на активни случаи изнесува 19.927.

Професорот по Механика од Битола, Дејан Трајковски, кој постојано ги анализира ковид бројките, завчера во своја анализа укажува како стоиме во рамки на Европа:

„12.04.2021. Кој можеше да помисли дека Македонија ќе ја надмине дури и Белгија според кумулативниот број на поч инати на милион жители? Италија и Словенија ги надминавме деновиве.

Како што стојат работите, само БиХ и Унгарија имаат поголеми дневни бројки од земјите што се повисоко рангирани од Македонија на светската ранг листа според кумулативен морталитет на милион жители.

Останатите (Бугарија, Црна Гора, па можеби и Чешка) најверојатно ќе ги надминеме дури сметано и со сегашните нереални 2,08 милиони жители.

Изгледа просто неверојатно, но дури ни овој кумулативен морталитет (трет највисок на светот, ако се смета со реалниот број од 1,8 милион жители и ако се исклучат градовите-држави Гибралтар и Сан Марино) не е доволен за да обезбеди доволно ниво на колективен имунитет од прележување за епидемијата спонтано да згасне.

Кога сме веќе кај овој дијаграм, гледаме колку стрмо искачува вкупниот број на поч инати во Бразил поради бразилскиот сој на вирусот Р.1.

Воопшто не им помогнала ланската висока прележаност од поранешните соеви, а нема да ни помогне ни нам, штом дојде и тука.

Да се потсетиме, во Италија од еден единствен увезен случај бразилскиот вирус веќе се раширил на преку 10% од сите случаи.

Ако воопшто има мислечки луѓе во нашата извршна власт, крајно време е да ги затворат границите за влез на сите невакцинирани лица или лица без свеж ПЦР тест.

Откако вирусот еднаш ќе влезе, потоа ќе биде доцна, иако 5-дневен карантин би можел да го сопре ширењето, по примерот на Австралија.

Бадијала ќе бидат оправдувањата дека не верувале дека тој сој ќе биде толку опасен и т.н. Не веруваа ни дека степенот на колективен имунитет е недоволен за да го спречи ширењето на британскиот сој B.1.1.7 (кој ли ги советувал така?), па нивната грешка досега ја платиле со глава околу 1.300 лица.

Ќе нас традаат уште толку до смирувањето на пролетниот бран, не сметајќи ги неевидентираните (најмалку 30% од евидентираните), коишто ќе се појават во јулскиот и августовскиот билтен на Државниот завод за статистика.“

Претходна статијаМарија Шерифовиќ кажа кој треба да победи во „Звезде Гранда“
Следна статијаТрифун: Личностите за кои говорам самите ќе се препознаат во овој текст