Никола Груевски ќе мора да пишува статус – синоќа Јовица Страшевски изнесе многу пикантерии

0

Синоќа во емисијата „Во Центар“, кај новинарот Васко Ефтов, беше гостин адвокатот Јовица Страшевски, кој како што вели, од дете е во ВМРО-ДПМНЕ.

Во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, Јовица Страшевски работел во Министерството за финансии и во Фондот за здравство. Негови колеги во Министерство за финансии, биле Ванчо Каргов, Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески, Зоран Ставревски. Министер, секак, Никола Груевски.

На прашањето од новинарот Васко Ефтов, зошто сите овие колеги на Страшевски, подоцна кога стана Груевски премиер станаа функционери, министри во владата под раководство на Груевски, а за него јавноста не слушна, Страшевски вели дека тоа е така бидејќи никогаш не бил полтрон.

Јовица Страшевски од 2003 до 2007 година, кога партијата ја раководи Никола Груевски, бил член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Страшевски во емисијата изнесе низа пикантерии во врска со работењето во партијата, односно претседателствувањето на Никола Груевски.

Јовица Страшевски во време на Груевски бил назначен од лидерот да биде како одреден филтер во партијата, за сите кои сакале да имаат средба со Груевски. На оние кои можел проблемот да им го реши Страшевски, тие не стигнувале до Груевски. Некои кои тој ги упатувал кај Груевски, по негов избор, тој ги примал.

На прашањето од новинарот, зошто, кога тој бил толку близок до Груевски, не станал и негов шеф на кабинет, туку станал Мартин Протуѓер, Страшевски вели:

-Јас мислам дека Протуѓер го истурка Срѓан Керим. Во партијата доаѓаа многу луѓе, еден од најчестите гости беше Керим. Тој небеше секогаш приман од Груевски, некогаш го примаше, некогаш не. Срѓан Керим најчесто доаѓаше и седеше кај мене, но и кај други членови на раководтсвото на партијата.

Интересно беше прашањето зошто Никола Груевски се скара со Љубчо Георгиевски, а подоцна и со Ганка Самоилова Цветанова. Еве што одговори Страшевски:

-Во време на кавгата и разделбата на Никола Груевски и Љубчо Георгиевски, јас застанав цврсто на страната на Никола Груевски. Јас дури и одржав прес конференција на која го повикав Георгиевски да ја тргне раката од ВМРО. Бидејќи, тоа што го правеа луѓето на Љубчо беше незамисливо и неприфатливо.

Никола Груевски во еден момент сакаше да се повлече. Велеше дека му е преку глава од сè, од сплетките кои му се прават и дека ќе се повлече. Но како што рече, така и таквата идеја експресно исчезна, не знам кој му направи притисок.

Во секој случај, Никола Груевски беше олем работник. Тој беше постојано на терен и се етаблираше меѓу членството, за разлика од сегашното раководство.

На прашањето како Александар Николоски станал претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, Страшевски беше дециден: „Груевски го наметна, тој го постави и ни даде насоки нам на Извршниот комитет да го изгласаме. Од негова страна беше образложено дека бил истакнат студент, со добри идеи и проекти.

Мислам дека него на Груевски му го наметна охриѓанецот Венко Шапкар, бидејќи, само шест месеци по неговото назначување за претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, тој силно лобираше да го поддржиме Шапкар за градоначалник на Охрид, а знаеме дека и Николоски е од Охрид, рече Јовица Страшевски.

Јовица Страшевски, по абдицирањето на Груевски од лидерската позиција во ВМРО-ДПМНЕ и најавениот конгрес, добил амбиции да се кандидира за лидер на партијата. Тој собрал преку 30 потписи од делегатите:

-Не само тие 30 потписи, туку имав и уште стотина кои не сакаа јавно да се потпишат, но ми укажаа дека доколку настапам на конгресот како кандидат, тие ќе ме поддржат. Ги имам нивните имиња и нивните потписи, но не би сакал јавно да ги соопштувам.

На прашање на новинарот, дали во тој период имал средба со Никола Груевски, тој рече дека да, имале средба и Груевски му предочил дека нема да поддржува никога на конгресот:

-Искрено во тој момент му поверував на Груевски дка нема да лобира за никого, но од денешна дистанца мислам дека не беше баш така. Уште повеќе, мислам дека Сашо Мијалков го истурка Мицкоски за лидер, а сметам дека и ден денешен му помага.

Јовица Страшевски проговори и за конфликтот на Никола Груевски со тогашната негова потпретседателка, Ганка Самоилова Цветанова. Според Страшевски, Гнка немала амбиција да биде лидер, туку кавгата била поради други причини:

-Околу Ганка Самоилова Цветанова имаше една група на луѓе, на кои таа им веруваше, а мислам дека токму поради тие луѓе, таа беше отстранета од партијата. Тука пред сè мислам на Оливер Шамбевски и Елизабета Канчевска Милевска, кои беа од тимот на Ганка од Министерството за култура. Тука, за жал, извиси докторот Сашко Кедев, рече Страшевски.

Јовица Страшевски во емисијата изнесе многу пикантерии од ВМРО-ДПМНЕ. Една од работите кои досега не се знаеја во јавноста е дека на локалните избори во 2005 година, потпретседателката на ВМРО-ДПМНе, Ганка Самоилова Цветанова, предложила  кандидат за градоначалник на Скопје, од ВМРО-ДПМНЕ, да биде претседателот на партијата, Никола Груевски!

-Тоа веројатно ќе беше крај за ВМРО-ДПМНе, вели Страшевски. Ние знаевме дека многу лошо стоиме на терен и Груевски сигурно ќе загубеше, со што неговата понатамоѓна кариера ќе беше доведена под знак прашалник, рече Страшевски. На крајот, се одлучиле да го поддржат Трифун Костовски, кој победи на изборите.

Видеото од емисијата која беше исклучително интересна, а во која се споменува и поранешниот претседател Борис Трајковски, како и Никола Тодоров, можете да ја погледнете ТУКА

Претходна статијаИлина Арсова раскажа како ѝ помогнала Лејла Рамковска
Следна статијаПознатиот пејач се скара со ќерката зошто прави нешта без негова дозвола