Роберт Милески: Дечки од ВМРО и СДСМ – занимаваjте се со теми кои го тиштат македонското граѓанство, а не со рекла-казала муабети

0

По објавата на бугарскиот министер Красимир Каракачанов на социјалните мрежи, листа на имиња кои кореспондираат со наши актуелни политичари, а се на избирачкиот список во Бугарија, што би значело дека имаат двојно државјанство, во нашата држава почнаа коментари, деманти, но и предлози како во иднина да се избегнат сомнежите за вакви појави.

Пратеникот од опозицијата, Антонио Милошоски, вчера најави дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе амандман во Собраниево во кој ќе стои дека кандидат за пратеник може да биде лице кое има само македонско државјанство и нема никакво друго двојно државјанство.

Милошоски ова го најави откако завчера неговото име се најде на списокот што го објави бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов.

Тој тврдеше дека имињата што се совпаѓаат со дел од членовите на опозициската партија се лица што имале бугарско државјанство и имале можност да гласаат на изборите во Бугарија закажани за април.

„Ниеден пратеник од ВМРО-ДПМНЕ нема бугарски пасош, и ние во текот на овие ден-два до Собранието како пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесеме еден амандман којшто ќе се однесува на Законот за пратеници, Законот за избори и каде што ќе пишува дека кандидат за пратеник во Собранието на Република Македонија може да биде лице коешто има само државјанство на Република Македонија и нема ниедно друго двојно државјанство“, рече Милошоски за радио Лидер.

Вчера преку соопштение, од СДСМ велат дека поддржуваат пратеници да бидат лица кои имаат единствено македонско државјанство, но тоа да важи и за пратениците од актуелниот пратенички состав.

Ваквата ситуација, на својот профил на социјалните мрежи, ја прокоментира Роберт Милески:

„Дечки и од ВМРО и од СДС, малку се залетувате со дневно-политички ситуации, добро де – малку повеќе, кои потоа се претвораат во државна политика. Мислам на мулти-државјанствата.

Прво, нема начин да знаете дали некој има некакво друго државјанство, на пример од Папа Нова Гвинеја, освен ако самиот не каже (таков беше случајот со министерот за здравство од СДС во владата на не среќана Бучко, Владо Димов, кој пребега во Бугарија.

Тогаш разбравме дека има двојно државјанство, или оној од Д УИ, чинам беше Буџаку или некој друг не се сеќавам точно, за кој разбравме дека поседувал белгиско државјанство, а беше амбасадор во неколку држави иако е забрането за амбасадори да имаат двојно државјанство).

Второ, предлогот директно се коси со можноста да се избираат пратеници од дијаспората, а нема начин законски да се изведе таква дискриминација со која само тие пратеници би можело да имаат други државјанства, бидејќи по логиката на вашите нешта, ако некој има друго државјанство – веројатно е шп иун.

Трето, очигледно немате поим од ЕУ законодавство, бидејќи според ЕУ, изрично е дозволено мулти-државјанство. Има многу примери каде што градоначалници или советници во една држава членка на ЕУ се државјани на друга членка, и воопшто немаат државјанство на членката каде што се кандидирале.

Четврто, поседувањето друго државјанство не значи дека човекот е нелојален на првата држава.

Петто, намалете со реакциите и емоциите, посебно навредите едни кон други и посебно кон соседите, ова го мислам специјално за луѓе кои имаат одредени политички функции, дали на власт или во опозиција.

Едноставно не ве личи. Шесто, ви предлагам да се занимавате со сериозни теми кои го тиштат македонското граѓанство, а не од рекла-казала муабети да градите државни политики.“

Претходна статијаМакедонка од Германија: Ниту во сон не помислував дека ова ќе ми го направи маж ми
Следна статијаМиа Костова: Сум работела и по четири работи одеднаш, за да можам да си го изгледам детево