Не стивнуваат реакциите по вчерашниот статус на поранешниот премиер и поранешен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски, во кој тој даде предлог од 5 точки, за решавање на спорот со Бугарија.
Речиси сите коментари и критики се негативни. Како и во минатото, така и сега, Георгиевски прв ги соопштува работите кои никој не сака да ги слушне, но најчесто, неговите политички прогнози стануваат реалност, поради што многумина го викаат политички визионер.
Како и да е, вредно е да се слушнат и аргументите против тезите на Георгиевски. Една од нив е и реакцијата на Петар Богојески:
„Љубчо и Бугарија! Со внимание го прочитав “предлог решението” на мак – буг спор од господин Георгиевски и останав зачуден од површноста со која се служи во толку сериозно прашање.
Очекував од него многу, многу повеќе! Многу подлабоко, посуштински. Но очигледно коалицијата со СДСМ има влијание врз него и му наметнале “купи ден помини” стил на политика!
На Македонија и на Бугарија им е неопходно КОНЕЧНО РЕШЕНИЕ! Не празни приказни, кои проблемите ги оставаат под тепих, за повторно да ескалираат за неколку години, обично на штета на нашата страна.
Тоа конечно решение е оставинска постапка, расчистување со наследството на бугаризмот на територијата на Македонија и помирување со македонизмот. Изградбата на историскиот наратив во прилог на македонската државност е многу, многу посеопфатен од “епохата на бугаризмот” во Македонија!
Господин Георгиевски нуди пазарџиски купи продади метод, а македонскиот идентитет не е на продажба!
Георгиевски заборавил на правилото на реципроцитет во односите помеѓу земјите! Ако ние треба да дадеме гаранции дека нема да поддржуваме македонски активности во БГ, тогаш тие треба да дадат гаранции дека нема да поддржуваат бугарски активности во МК! Еднонасочна љубов не е љубов, туку опцесија на еден партнер. Тоа Георгиевски сигурно го знае.
Јас знам дека на господин Георгиевски му е близок српскиот рецепт на решавање на етничките прашања на Балканот. Тоа го видовме во 2001 година и потоа во соработката со премиерот Зоран Џинџиќ.
Но за Македонија и Македонците тоа е неприфатливо. Господине Георгиевски, српските сценарија да си ги зачувате за вас и вашиот коалиционен партнер! Идејата да се маркираат историски личности и настани за продажба, а Бугарија да ги цензурира нашите учебници е целосно ска ндал-озна.
Единствено внимание заслужува предлогот да се разоткријат нарушувањата на човечките права за време на комунизмот, да се соопшти вистината за ув ие-ни и прог онети семејства кои не биле по вкус на тогашниот режим, кое јас го надоградувам со предлог за репатријација на про гонет -ите од Македонија и враќање на македонско државјанство на нивните наследници.
Љубчо очигледно сеуште живее во минатиот век и тврди дека “се криеле биографиите” на македонските војводи. Тоа е смешно. Денес на интернет има повеќе од доволно да прочиташ и за дивите пле миња од Амазон, а не пак за македонските војводи!
Предлог решението за јазикот е толку подводливо и наивно, што просто зачудува како може лингвист по професија како Георгиевски, да понуди такво нешто. Георгиевски треба да разбере дека користењето на кирилицата при писмено изразување на народниот македонски говор, не е користење на бугарски јазик.
Најважно, бугарски јазик користат само оние кои биле образувани или вработени од Кнежество / Царство Бугарија, но не и останатите Македонци и интелектуалци. Кирилицата не е бугарска своина, туку сеопшто историско и културно наследство на сите Словени на планетата Земја, поклонето од Константинопол за нас.
На чуден начин Геориевски заборава на македонскиот сепаратизам! И политички и културолошки!
Тоа за пругите и финасиските концесии не сакам да го коментирам, тука експерти се екс премиерите Георгиевски и Бучковски! Затоа Заев ги испрати на пазарење во Софија. Само Ве молам да не набавите делови за руските Сухои или да потпишете задолжителен увоз на гас од јужен поток на Газпром!
За денес толку… можете и двајцата, Георгиевски и Бучковски, да посакате кога и да било да седнеме на јавна маса и да расчистиме со небулозите на живко – божидаризмот на кој денес се обидувате да му се допаднете!“