Премиерот Зоран Заев одржа прес конференција по повод случајот на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, кoј денеска се појави пред Јавното обвинителство за да го подигне решението за куќен притвор што му го одреди Кривичниот суд.
„Разбрав утрово и навистина ми е жал и дојдов во обвинителството. Вчера бев болен и кога дознав сабајлево, дојдов сега во обвинителството.
Имав симптоми на корона и затоа сакав да се изолирам. Одам да го видам решението. Оној што ме познава знае дека кога ќе дадам збор нема да го погазам.“ – изјави Мијалков за ТВ 24.
Мијалков за истиот медиум рече дека не избегал, туку во текот на вчерашниот ден бил во излозација поради здравствени причини.
Тој им се извини на граѓаните, на премиерот, Владата и на сите други институции за непријатностите што биле предизвикани.
Заев на прес конференцијата рече дека правдата е задоволена и дека во овој случај, треба да се учи од бегството на Груевски. Токму поучени од тој случај, сега постапивме по сите закони и мерки кои ни ги овозможуваат истите и така успеавме да го обезбедиме Мијалков, рече Заев.
– Така се соадава држава, така се јакнат институции“, изјави Заев, а на прашањата од новинарите зошто не го превенирале неговото бегство, Заев нагласи дека на Мијалков, како и на секој друг граѓанин не смее да му се наруши приватноста, во моментот кога тој е слободен човек.
– Мијалков немаше друг избор и го направи она што му беше неопходна опција. За овој значаен успех дадоа придонес надлежните институции , обвинителсвото и судот и успеавме во тоа.
Секако Обвинителството и судот не треба да го сметаат за олеснителна околност за овој или никој друг случај .
Не треба да се заборави дека Мијалков првично избега. Останува нашата посветеност да се истражи. Јас Зоран Заев велам дека компромис за правда немало и ќе нема . Ако некој грешел, ќе одговара“.
Впрочем, околу тоа дали јас или некој друг има договор со Мијалков, ќе се види многу скоро, бидејќи за неколку денови треба да биде соопштена пресудата по еден од неговите предмети, рече Заев.
Тој потенцираше дека институциите му дале дознаење на Сашо Мијалков дека се одлучни да ја тераат правдата до крај. Тие направиле притисок врз сите оние за кои се сметало дека му помогнале и во краен случај, сите тие ќе сноселе одговорност.
Веројатно сите тие превземени мерки, го натераа Мијалков да се појави, рече Заев, одговарајќи на многубројните прашања на новинарите. Тој дополни и дека биле подигнати мерките за проверка како на граничните премини, така и во зелениот појас во близина на нашата граница со соседите.
На прес конференцијата, со него беше и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Она што е забележливо како сличност и кај премиерот Заев и кај министерот Спасовски е нивната слична облека.
И двајцата носеа палто и бела кошула без вратоврска. Она што падна во очи во еден момент е новиот имиџ на Заев, кој на дел од прес конференцијата носеше очила.
Фото: Канал 5 принстскрин, Фејсбук ТВ 24, Јутјуб принсткрин