Спасов: Се прави од готово вересија и никој не мисли на последиците од овој потег

0

Пред неколку денови, поранешниот висок функционер на СДСМ, Ѓорѓи Спасов, ја критикуваше идејата за која се согласија ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, во личната карта да стои етничката припадност и рече дека Левица, која е против ваквото решение, е во право:

„…За жал “Левица”за прв пат е во прво. Нема потреба да се дозволува во личната карта “кој сака” да му биде запишувана и неговата етничка припадност или потекло. Тоа не само што е непотребен чин на етничка самоидентификација туку е и чин на етничко самообележување.(како со жолта лента на ракавите). За што всушност ја користиме личната карта?

За во банка, пред полиција и на гласање. На никого од тие пред кои сме должни да им ја покажеме не им е, и не треба да им биде важна, етничката припадност на граѓанинот.

Во земја со многу етнички мешани бракови тоа ќе биде еден вид изнудување. А кога се знае опасноста од се уште неисчезнатите предрасуди и примери на дискриминација во општеството тоа ќе биде можност и инструмент на националистите и на власта за јавна проверка на тоа дали некој се декларирал како Ром како Евреин како Бугарин или воопшто не “избрал етничка припадност во својата лична карта”. Оттука оваа идеја, иницијатива, овој предлог и закон не треба да бидат прифатени бидејќи не водат кон зголемување на ничии права ниту кон зголемување на еднаквоста и рамноправноста.

Напротив. Мислам да ова многу перфиден обид да се минира решението договорено со преспанскиот договор со Грција според кое во пасошите пишува националност: Македонска (Macedonian)/Граѓанин на Република Северна Македонија…“, напиша меѓудругото Ѓорѓи Спасов.

Вчера тој продолжи да размислува и да анализира на оваа тема:

„Не било добро ама не им пречи. Владата врз основа на анализа на европски и светски искуства оценила дека не се согласува со внесување на етничката припадност во личните карти.

Независно од ставот на владата нејзиниот претседател вели дека тој нема ништо против бидејќи сме биле мултиетничко општество и тоа само ќе било “доказ за мултиетничноста”.

Претседателот на државата смета дека нема потреба од внесување на етничкото потекло на граѓаните во личните карти ама “тоа нема да ја растурело државата” и ако биде изгласан таков закон на барање од Беса тој ќе го потпише Указот за да влезе во сила.

Мицковски и дружината во идејата за таква примена виделе “единствена можност во некој официјален документ издаден од Република Северна Македонија тие да се определат како Македонци” но под услов на личните карти се уште да не се внесува уставното име туку да остане старото Република Македонија.

Значи за нив тоа е добро бидејќи ќе покаже колку има Македонци во земјата и колкав е бројот на оние “сомнителни Македонци” кои нема да сакаат националноста да им биде впишана и во личната карта” И тука веќе нема рационална дебата. Нема важност праксата на земјите од ЕУ. Нема желба да се согледаат и негативните светски искуства.

Важно е изгледа да се удоволи едно бесмислено барања според кое освен тоа што личната карта ти е издадена и на јазикот што го говориш и кој е суштествена одредница на твојот етнички идентитет, на твое барање во неа ќе мора да ти запишат и кое е твоето етничко односно национално потекло.

На бу далите што сметаат дека на тој начин ќе било можно и конечно да се “преброиме” според етничкото потекло треба да им се постави прашањето како ќе ги бројат оние што нема да сакаат етничкото потекло да им стои во личната карта.

А оние што сметаат дека на тој начин ќе ги откриеле “лажно декларираните Албанци од редот на Македонците и Турците за да дојдат до работно место човек може само да им се сожали на умот.

Се на се. Се прави од готово вересија. И никој не мисли на сериозните последици од еден необмислен потег.“

Претходна статијаМаријана: И ова моево за никаде е – не смеам да му се јавувам, бидејќи е женет, чекам тој да најде прилика
Следна статијаПопуларната водителка поради која мажите се препотуваат, проговори за приватниот живот