Најчевска: Се спротивставувам на графа верска припадност – верата е променлива категорија

0

Пелагонискиот Владика Петар, вчера изјави дека епархиите на МПЦ-ОА ќе го повикаат народот да го бојкотира пописот, ако на пописните листи не постои графа за национална и верска припадност.

„Ние сме сериозно заинтересирани во најавениот попис да постои графа за етничка и верска припадност за да знаеме колку се православни во Македонија, колку се муслимани како и на другите вероисповеди и религиозни деноминации.

Да се постапи така во спротивно ќе биде народот па и ние засегнати не само да не се јавиме на пописот туку и да го повикаме народот во нашите епархии да го бојкотира пописот, изјави владиката Петар за телевизија „Алфа“.“

Овој негов став го коментираше професорката Мирјана Најчевска преку два статуси на социјалните мрежи:

„Еве за ова зборувам. Секоја будала повикува на бојкот. И секоја будала се меша во работењето на државата.

Оваа апашана од белосветски размери која до сега 10 ровји требаше да ја стрефат ако навистина имаше Бог, која само зема и краде и цица од народецот, сега уште се вмешува и во државните работи.

Е за ова треба ЈО сега да поведе постапка за нарушување на Уставниот поредок и мешање на црквата во државата.

Јас мислам дека на бојкот на пописот треба да се повика доколку нема посебна графа за тие со поголема килажа, и сите ќелави и посебно оние со клемпави уши. Тие дефинитивно треба посебно да се попишат.

Јас најотворено се спротиставувам на постоењето на графа за верска припадност во пописните листи.

Прво, затоа што верата е променлива категорија. Второ, затоа што е тоа многу лична определба. Трето, затоа што до сега се манипулираше со оваа графа и кај сите кои се изјаснуваат како етнички Македонци се впишува православна вероисповед.

Ако веќе има треба да има уверување, а не верска припадност. Атеизмот не е верска припадност. Ни агностицизмот. Ни скептицизмот.“

Претходна статијаПознатата македонска фолкерка покажа како меси (ФОТО)
Следна статијаЈанко со порака за Бадник: Не ме убедувајте во нешто што не е така