ВМРО-ДПМНЕ му се заблагодарува на Заев за ,,петардата” која ја пушти

0

Соопштение од опозициската партија: ВМРО-ДПМНЕ изразува благодарност за ваквата петарда на Заев за да види народот дека нема ништо зад шпекулациите што ги пушта СДСМ. Ваква услуга не може да направи никој друг освен некој кој со страв од пораз, паника и поплавен од емоции носи одлуки.

Лов во матно. Нема било што незаконски во објавеното аудио. Очајни се обидите на Зоран Заев и СДСМ да го свртат вниманието на јавноста од вистинскиот рекет и вистинскиот криминал на чие чело седи Зоран Заев.

Доколку има било што инкриминирачко во снимките кои ги објави Зоран Заев тогаш ги повикуваме надлежните органи да преземат веднаш активности. Во спротивно, да тоа ќе биде уште една клевета на Зоран Заев и лажно обвинување.

Зоран Заев треба да одговори за јавните искази на првообвинетиот во „Рекет“, Бојан Јовановски за следново:

Зоран Милевски е привезок на Зоран Заев. Затоа во време на корона криза истиот од Заев беше пуштен на слобода преку Рускоска Обвинителството. Во дел од сведочењето на прво обвинетиот Бојан Јовановски се дознава дека Заев ги наместил изборите во Охрид и дека имало изборни нерегуларности.

Бојан Јовановски вели: „Заев со Кичеец зборуваа за местење на избори во Охрид, а Кичеец имаше своја парав ојска“.

Зоран Заев треба да одговори зошто според тврдењето на прво обвинетиот Бојан Јовановски го предупредил дека бил под истрага и против него имало случај уште на 3-ти април, далеку пред да биде покренато обвинение против инволвираните во случајот „Рекет“?

Што барала главната обвинителка Рускоска во друштво со првообвинетиот Бојан Јовановски, на кој што се нарачувале монтирани медиумски прилози на неистомислениците на Рускоска во судството и обвинителство.

Зоран Заев е должен да одговори каква е таа олеснета положба која им ја ветил на дел од обвинетите во случаите и истрагите на СЈО? За какви повластувања говори Заев?

Ваквите работи нема да ја запрат и да направат народот да не ја гледа вистината за Македонија која ја чувствуваат, а таа е реалноста на крим инал, кор упција и маф ијашки пресметки, пропадната економија, се вели во соопштението од најголемата опозициска партија.

Претходна статијаВидеото кое ја ,,стопи” Македонија – украденото куче кое една година го бореа е вратено кај сопственичката
Следна статијаШто ќе ни биде потребно за да влеземе во нашата соседна држава -денес пристигна одговорот